Јован Јовановиќ-Змај: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
authority control moved to wikidata
→‎Творештво: додадена референца за поезијата на Змај во македонски препев
Ред 55:
 
Песните за деца се напишани од светот на детството, при што тој свет е опфатен во целокупната негова интегралност со длабоко проникнување во неговите специфичности и законитости. Змај како добар реалист трага по типични претстави на детскиот свет и нив ги слика во живи бои, во типични животни околности. Затоа во неговата поезија има ликови кои се паметат: трудољубиви, мрзливи, разгалени, послушни и др.
 
Избор од неговата поезија на македонски е објавен под насловот ''Песни'', во препев на [[Ацо Шопов]] (Скопје : Кочо Рацин, 1954. Повторни изданија: 1959 и 1967).
 
Како писател со развиено чувство за социјалната нееднаквост, Змај на детскиот свет не гледа како на волшебна аркадија во која тече само мед и млеко. Змај наоѓа мотиви за своите песни речиси насекаде каде што детето живее, работи или се движи. Во семеен амбиент („Родителска љубав“, „Стара бака“, „Купање“), во училиште („Ѓаче полетарче“), во работата („Вредна Даринка“), во игрите („Игра и деца“, „Мали коњаник“), детето во разни ситуации („„Материна маза“, „Пури Моца“, „Хвалиша“, „Себични Миливој“), детето и заспивалките („Таши, таши“), детето и животните („Пчелица“, „Верверица“, „Цица-Маца“, „Чворак“, „Како хвата мачка миша“), детето и природата („Киша“, „Први снег“, „Сунце и ветар“).