Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Алексеј I Комнен на Алексиј I Комнин
Ред 71:
 
Прв стигнал [[Петар Пустиник]] од [[Амиен]], кого го следело мноштво сиромаси собрани од сите страни, и веќе на преминот низ [[Кралство Унгарија|Унгарија]] и [[Балкан|балканските]] земји неговите недисциплирани и недоволно снабдени орди толку беспоштедно го ограбувале населението што локалните власти морале против нив да употребат оружје. Доаѓајќи во [[1096]]г. пред [[Цариград]], крстоносците продолжиле со ограбувањето, па царот Алексиј побрзал веднаш да ги префрли преку [[Босфор]]от. Во [[Мала Азија]], во првиот судар со [[Румски султанат|Турците]], тие претрпеле сожалителен пораз. Повеќето изгинале и само еден мал дел пребегнал во Цариград на бродовите коишто византискиот цар им ги ставил на располагање.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 436.</ref>
 
Кон крајот на 1096г. почнале да пристигнуваат својата придружба големите феудални барони. Во Цариград се собрал цветот на западното витештво. Тука, меѓу останатите, биле војводата на [[Војводство Долна Лорен|Лорен]] - [[Готфрид Бујонски]], грофот [[Рајмонд Тулуски]], братот на францускиот крал - Гиј од Вермандо, братот на англискиот крал и син на [[Вилијам Освојувачот]] - [[Роберт Нормандиски]], грофот [[Роберт Фландриски]], синот на познаникот на Алексиј, како и синот на [[Роберт Гвискард]], норманскиот војвода [[Боемунд Тарентски|Боемунд]]. Царот Алексиј се обидел од ситуацијата којашто настанала покрај неговата волја, да извлече што повеќе полза за себе и за својата држава. Побарал водачите на крстоносците како вазали да му положат заклетва за верност и да се обврзат дека ќе му ги предадат сите освоени земји коишто порано му припаѓале на Византиското царство. Од своја страна тој им ветил дека крстоносците ќе ги снабдува со животни намирници и со оружје и дека и самиот ќе им се придружи и ќе биде на нивно чело со својата војска. Освен Рајмонд Тулуски, сите водачи на крстоносците на крајот ги прифатиле условите на царот, дури, после мачни и долги преговори и Готфрид Бујонски. Договорите со одделни водачи на крстоносците врз оваа основа биле склучени на почетокот на [[1097]]г. Боемунд не само што без колебање ги дал сите барани ветувања, наговарајќи ги и другите витези на попуштање, туку и се нудел за царски доместик на Исток. Во меѓувреме пак норманските трупи веќе преминале во Мала Азија под водството на Боемундовиот внук Танкред, којшто се провлекол без давање заклетва. За Боемунд всушност крстоносната војна била само прилика да ги обнови освојувачките планови на татка си.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 436-437.</ref>
 
Првиот позначаен успех на крстоносците било заземањето на [[Никеја]] во [[јуни]] 1097г. Согласно со склучениот договор градот му предаден на царот и веднаш запоседнат од византиската војска. Алексиј побрзал да го използува овој успех. Неговите трупи ја зазеле [[Смирна]], [[Ефес]], [[Сард]] и други градови во стара [[Лидија (Мала Азија)|Лидија]], такашто во поголемиот дел на западна Мала Азија била воспоставена византиската власт. Во меѓувреме крстоносците, откако по заземањето на Никеја, на состанокот во [[Пелеканон]] уште еднаш му положиле заклетва на царот, тргнале во придружба на византискиот одред, по стариот воен пат прек [[Доридеја]], [[Цезареја]] и [[Германикеја]] во [[Антиохија]]. Се уште владеела слога меѓу крстоносците и византискиот цар, иако Готфридовиот брат - [[Балдуин I Ерусалимски|Балдуин]] и Боемундовиот внук Танкред, одвојувајќи се од главнината на крстоносната војска, војувале на своја рака во [[Киликија]] и ги освојувале киликиските градови, а Балдуин продрел дури во горна [[Месопотамија]] и засновал свое [[Грофовија Едеса|кнежевство]] во [[Едеса (Сирија)|Едеса]]. Заземањето на Антиохија ([[3 јуни]] [[1098]]г.), новиот голем успех на крстоносците, меѓутоа, го ставил крајот на спогодбата меѓу крстоносците и Византијците како и меѓу одделни водачи на крстоносците. Крстоносците не ни помислувале да му ја предадат Антиохија на византискиот цар. Околу освоениот град почнале да се грабаат Боемунд и Рајмонд Тулуски. Играта ја добил итриот нормански војвода и завладеал со [[Сирија|сириската]] престолнина. Протестите на царот Алексиј останале залудни. Боемунд ја запоседнал Антиохија, а другите крстоносци тргнале на пат за [[Ерусалим]], не дочекувајќи го доаѓањето на царот, макаршто тој им порачал деја, како што ветил, ќе земе учество во натамошната војна на крстоносците, доколку му ја предадат Антиохија. За предавањето на Антиохија на Византија сега се залагал и Рајмонд Тулуски. Меѓу заобиколениот гроф Рајмонд и византискиот цар дошло до извесно зближување, и додека крстоносците коишто на царот му положиле вазална заклетва основале свои сопствени кнежевства, Рајмонд којшто одбил да даде било каква заклетва, му предал на царот повеќе градови коишто ги освоил на сирискиот брег. Неговата соработка со царот Алексиј станала уште потесна по заземањето на Ерусалим ([[15 јули]] [[1099]]г.) кога Рајмонд, иако најистакнат меѓу водачите на крстоносците, останал одново со празни раце бидејќи како "вардач на [[Исус Христос|господовиот]] гроб" и на чело на новото [[Ерусалимско кралство]] дошол Готфрид Бујонски.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 437-438.</ref>
 
Византија можела да се помири со основањето на Ерусалимското кралство во оддалечената Палестина, но не и со [[Кнежевство Антиохија|Боемундовото кнежевство]] во Антиохија. Појавата на норманското кнежевство во Сирија непосредно ги погодувала нејзините интереси уште повеќе што Боемунд не ги криел своите намери, отварајќи наскоро непријателство. Меѓутоа, тој истовремено морал да војува против [[Селџучко царство|Турците]] на коишто кнежевството на крстоносците во Антиохија исто така им пречело такашто оваа околност значително ја олеснила работата на византискиот цар. Веќе во [[1100]]г. Боемунд паднал во турско заробеништво, но крстоносците го откупиле и го вратиле во Антиохија. Меѓутоа , во [[1104]]г. кај Харон, Турците на крстоносците им нанеле страотен пораз. Алексиј I тоа веднаш го искористил. Царската војска ги запоседнала значајните тврдини Тарс, Адана и Мамистра, а византиската флота ја зазела Лаодикеја и низа други градови на сирискиот брег, се до Триполис.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 438-439.</ref>
 
Во текот на последните дваесет години од својот живот Алексиј изгубил голем дел од својата популарност. Тие години биле обележани со прогон на [[Богомили]]те. Исто така, покрај успехот на крстоносната војна, Алексиј морал да одбие голем број напади врз неговата територија од страна на Турците селџуци (во периодот од 1110 до 1117 година).