Роман II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
 
==Владеење==
По смртта на на [[Константин VII Порфирогенит|Константин VII]] ([[9 ноември]] [[959]]г.) на престолот дошол неговиот син Роман II, слаб и лесноумен младич, кој ја наследил татковата политичка неспособност, но не и неговата љубов кон науката.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 341.</ref> За државните работни Роман II воопшто не се грижел, туку му ги препуштал на способниот но безобѕирен и мошне неполулареннепопуларен евнух Јосиф Вринга. Првата улога во [[Источно римско царство|Царството]], меѓутоа, ја играл големиот војсководец [[Никифор II Фока|Никифор Фока]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 342.</ref>
 
Во [[лето]]то [[960]]г. Никифор Фока тргнал со голема флота на [[Крит]]. По долгата и мошне тешка опсада, која траела цела зима, неговите трупи во [[март]] [[961]]г. ја освоиле Кандија, престолнината на островот. Крит одново и припаднал на Византија откако речиси 140 години се наоѓал под власта на Арабјаните, служејќи им како главна база во источниот дел на [[Средоземно море|Средоземното море]]. Поголема и позначајна победа Византија веќе неколку векови не доживеала.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 342.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Роман_II