Лав VI Мудриот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
Ред 29:
==Внатрешна политика==
===Рано владение===
По доаѓањето на престолот, Лав VI веднаш го отстранил [[ЦариграскаЦариградска Патријаршија|патријархот]] [[Фотиј I Цариградски|Фотиј]], а за патријарх го довел својот млад брат [[Стефан I Цариградски|Стефан]]. Овој пат Фотиј конечно изчезнал од историската сцена: умрел во Ерменија, во прогонство.
 
Лав VI Мудриот формално го делел престолот со својот брат [[Александар III (византиски владетел)|Александар]], но овој, предаден на уживањата, не учествувал во водењето на државните работни. Главен царев советодавец, за време на првиот и најплоден на неговото владеење, бил таткото на неговата љубовница и подоцна сопруга Зоја, [[Ерменци|Ерменецот]] Стилијан Зауцес, за кого е создадена почесната титула "василеопатор" (царев татко).<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 295-297.</ref>
 
===Лав VI како образовна личност===
Како ученик на големиот [[Фотиј I Цариградски|Фотиј]], кон кого се покажал толку неблагодарен, Лав VI располагал со одлично образование и и многустрано знаење. Бил плоден писател и страствен говорник. Верноста кон античките традиции кај него поизразено се забелележува отколку кај неговиот татко, но се манифестира не толку на политичко колку на литературно поле и се прикажува во изразено теолошко облекло. Лав бил побожен владетел со силни наклоности за теологија<ref>Г.Острогорски. Историја`Пишувал нацрковни Византија.песни Скопјеи многубројни хомилии и говори, 1992кои сакал да ги држи сам за црковните празници, стрмешајќи ги догматските излагања со класичните реминисценции.: 297Напишал и огромна погребна реч за својот татко, како и повеќе извештачени световни песни, а на крајот и збирка од пророштва за судбината на Царството, која во [[Источно римско царство|Византија]] била многу омилена.</ref> Изгледа дека токму поради својата литературна дејност Лав VI го добил почесниот прекар Мудар.
 
Историски многу позначајно било обемнето законодавно дело извршено во негово време. Тоа го прославило како најголем законодавец по [[Јустинијан I|Јустинијан]]. Личниот удел на Лав во ова дело не смее да се преценува, иако царевата ученост и литературна вредност несомнено придонеле за неговото изведување. Значајните подготвителни работи, како што е истакнато, биле спроведени за времето на неговиот татко, а паѓа во очи и тоа што големата законодавна дејност припаѓа во првата деценија на Лавовото владеење, кога со политиката на Царството раководел Стилијан Зауцес. Во споредба со овој прв период, подоцнежното владеење на Лав VI, во времето на неговата зрелост, изгледа доста неплодно.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 297-298.</ref>
 
===Негови акти и дела===
И покрај длабоката заемна антипатија и сосема различните природи и темпераменти, политичките стремежи на [[Василиј I Македонецот|Валисилиј I]] и Лав VI во многу нешта биле слични. Обновата на [[Јустинијан I|Јустинијановото]] право, започната во владеењето на Василиј I, е завршена со „Василиките“ на Лав VI. Царските закони на Лав Мудриот, поделени во 60 книги и 6 томови претставуваат најголема збирка од закони на [[Источно римско царство|Византиското царство]] во [[Среден век|Средниот век]]. Изработени со напори на комисија од правници под претседателство на протоспатијата Симватиј, „Василиките“ биле објавени веќе во првите години на владата на Лав VI: тоа е уште еден доказ дека подготвителните зафати за Василиевиот „Анаркатарсис“ биле доста одминати и оти се искористени во „Василиките“. „Василиките“ се збирка како на канонско, така и на граѓанско и јавно право. Тие ја црпат материјат, пред се, од [[Јустинијанов Кодекс|Јустинијановиот Кодекс]] и „Дигестите“, во помала мерка од „Институциите“, а покрај тоа и од „Јустинијановите Новели“ и „Новелите на [[Јустин II]]“ и [[Тибериј]] кои им се додадени на Јустинијановите во подоцнежната збирка од т.н. „168 Новели“. На крајот имаат извесни позајмувања и од „Прохирон“ (актот на Василиј I). Како ни нивните претходници од времето на Василиј I, ни правниците на Лав VI не се користеле со оригиналните [[Латински јазик|латински]] извори, туку се служеле со [[Грчки јазик|грчки]] преводи и коментари од [[VI век|VI]] и [[VII век]]. Во однос на „Јустинијановиот Законик“, „Василиките“ за византискиот читател, имале пред се, предност поради тоа што биле на грчки јазик. Освен тоа, тие се многу попрегледни, бидејќи ја давале целата граѓа, систематски средена, во еден дел, додека „Јустинијановиот Корпус“ - а тоа „Василиките“ и му го префрлаат во својот увод како најголем недостаток - истиот предмет го третира на повеќе места. Оттаму не е ни чудно што „Василиките“ речиси потполно го истиснале од употреба Јустинијановиот Законик и што за средновекодна Византија станале темел на правната наука. Но и колку да е големо значењето на „Василиките“ за развојот на византиското право, како историски извор тие немаат посебна вредност. Како типично книшко дело, тие ја одразуваат политичката и социјалната реалност на своето време, туку ги повторуваат правните прописи на поранешните векови, најчесто одамна надживеани.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 298-299.</ref>
 
== Извори ==