Јужна Америка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.219.2 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
[[Податотека:South america mk.svg|thumb|250px|right|Физичка карта на Јужна Америка.]]
 
'''Јужна Америка''' е еден од седумте [[континент]]и на [[планета]]та [[Земја]]. Се наоѓа на [[Јужна полутопка|јужната земјина полутопка]], односно во [[Јужна хемисфера|јужната хемисфера]]. Таа е дел од целокупното [[копно]] [[Америка]], инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрај [[Северна Америка|северна]] и [[Средна Америка|средна]] Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на [[италија]]нскиот [[морепловец]] [[Америго Веспучи]].
 
Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км<sup>2</sup> и има [[население]] од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во [[свет]]от во секоја од овие две категории, по [[Евроазија]], [[Африка]] и [[Северна Америка]].
Ред 91:
Во Амазон се чувствува приливот на Атлантскиот Океан.
Амазон и притоките се важни пловни патишта, така што реката има големо сообраќајно значење.
Парана е река што извира кај бразилските Планини, а се влева како естуар во заливот Ла Плата. Долга е околу 4 700км, со сливна површина од околу 3 милиони кm². Во неа се влева реката Парагвај, која тече низ средината на Гран Чако и [[Пампас]]. Двете реки се пловни и имаат големо сообраќајно значење. Покрај нив се изградени повеќе големи градови.
 
'''Езера'''
Ред 100:
Климатските фактори во Јужна Америка условиле присуство на различни вегетациски области. Во екваторската област, поради, топлината и врнежите, се развиле пространи, густи и непроодни прашуми, кои се нарекуваат селваси. Тие се среќаваат во сливот на реката Амазон, на околу 5 милиони кm². Прашумата се состои од повеќе растителни катови, меѓу кои растенијата што бараат најмногу светлина достигнуваат височина од над 50м.
Северно и јужно од амазонската прашума се простираат области со високи треви. Тие во сливот на реката Ориноко се нарекуваат љаноси, а на Бразилската Висорамнина се нарекуваат кампоси. Овие високотревни области кон југ се простираат до Гран Чако. Во областите на ланосите и кампосите има разорани површини на кои се одгледуваат кафе, како, шеќерна трска и друго. Јужните делови на Бразилската Висорамнина и северните делови на рамницата Гран Чако се одликуваат со суптропски климатско вегетациски карактеристики. Во нив владеат жешки лета и благи зими. Во овие области се одгледуваат лимони, портокали, мандарини, шеќерна трска, тутун, градинарски култури и друго.
Во рамницитена долниот тек на реката Парана се јавуваат огромни степски тревни области, кои се нарекуваат пампаси[[пампи]], и разорани полиња на кои се одгледуваат пченица, пченка и други житни и градинарски култури. Во крајните јужни делови, односно во Патагонија се простираат области со ниски тревни површини.
Во Јужна Америка се распространети различни животински видови. Најкарактеристични за континентот се ламата и мравојадот. Во Амазонија се присутни мајмуни, разни видови птици, особено папагали, разновидни влечуги, меѓу кои и најголемата змија, анаконда. Во ланосите и во кампосите се присутни различни тревопасни животни, антилопи и лами, а во шуми од ѕверовите се среќаваат јужноамериканската мечка, јагуарот, пумата и чакалот. Во кампосите и во пампаситепампите се одгледуваат голе број домашни животни. Назјастапени се говедата, овцитеи свињите.
 
== Види исто така ==