Европска Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Reverted 2 edits by 89.205.114.138 (talk) identified as vandalism to last revision by 31.11.118.142. (TW)
Ред 36:
 
== Држави членки и проширување ==
===Преговори за членство во ЕУ===
Процесот на пристапување кон ЕУ бара секоја нова земја-членка да ги усвои бројните закони и прописи на ЕУ содржани во законодавството на ЕУ (acquis communautaire). Со критериумите за членство ([[Копенхаген|Копенхагенски]] критериуми од [[1993]] и [[Мадрид|Мадридски]] критериум од [[1995]]) што треба да ги исполнат земјите-кандидати, Европската унија поттикнува промена и прилагодување на законодавството, политиките и институциите во земјата-кандидат, со цел да се достигнат и да се заштитат вредностите и нормите кои ги има поставено ЕУ.
 
Критериумите за прием на нови земји во ЕУ, кои ги утврдил [[Европски совет|Европскиот совет]] на самитот во Копенхаген во [[јуни]] 1993 година, се однесуваат на политичките и економските услови што ги налага Договорот за функционирање на ЕУ (Член 49 и принципите наведени во член 6(1) од Консолидираната верзија на Договорот за функционирање на ЕУ (OJ. EU C83/102, 30.03.2010), како и на обврската за транспонирање на европското во националното право на земјата за да може таа да ги преземе обврските што произлегуваат од членството. Овие критериуми што земјата со кандидатски статус треба да ги исполни за време на пристапните преговори за прием во ЕУ, се познати уште и како „Копенхагенски критериуми“, поради самитот каде што за првпат се утврдени. Напредокот на земјата-кандидат во исполнувањето на критериумите за прием го следи Европската комисија, за што доставува годишен извештај до Советот.
 
За да стане членка на ЕУ, земјата-кандидат мора да исполни три критериуми:
* политички критериуми: стабилност на институциите кои гарантираат [[демократија]], владеење на [[Право|правото]], [[човекови права]] и почитување и заштита на малцинствата.
* економски критериуми: постоење функционална [[пазарна економија]], како и капацитет за справување со притисокот на [[Конкуренција|конкуренцијата]] и пазарните сили кои владеат во Европската унија;
* институционални критериуми: земјите-кандидати мора да го усвојат, применуваат и да го спроведуваат целокупниот пакет на политики и мерки од [[Законодавство на Европската Унија|законодавството]] на ЕУ (acquis communautaire). Тоа значи способност за преземање на обврските од членството, вклучувајќи придржување кон целите на политичката, економска и монетарна унија. Ова бара и доволен административен капацитет на земјата-кандидат за транспонирање на европското во националното законодавство, за негова примена, и за ефикасно спроведување преку соодветни административни и судски структури.
 
 
Мадридскиот критериум од 1995 (Совет на ЕУ, Мадрид, 1995) укажува дека усогласувањето на националното законодавство со европското законодавство само по себе не е доволно, туку неопходно е земјите-кандидати да изградат административни капацитети кои ќе бидат доволни за спроведување на законодавството. Уште повеќе, во случајот на [[Централна банка|централната банка]], постоењето на силен административен капацитет е важна претпоставка во остварувањето целосна независност и капацитет на централната банка, што претставува основно барање на европското законодавство во делот на Економската и монетарна унија. Од земјата-кандидат најпрво се бара во националното право да го транспонира целокупното множество на политики и мерки од законодавството на ЕУ (acquis communautaire). Бидејќи усвојувањето на законодавството на ЕУ (acquis communautaire) не е цел сама за себе, за исполнување на институционалните критериуми од земјата-кандидат се бара да создаде и услови за негова примена и спроведување преку соодветно прилагодување на административните и судските капацитети.
 
 
Конечната одлука за отворање на преговорите ја донесува Советот на ЕУ со едногласност на сите земји-членки. Процесот на преговори се состои од неколку фази:<ref>НБРМ, „Информација за институционалните предизвици на НБРМ во процесот на приближување кон ЕУ и ЕМУ“, Скопје, февруари, 2008.</ref>
* процесот на скрининг (screening), како прва фаза од процесот на преговори, во којшто Европската Комисија го презентира целокупното законодавство што земјата треба да го транспонира во националното [[законодавство]] за секое поглавје одделно. Истовремено, земјата-кандидат ги презентира постигнувањата во делот на усогласувањето со законодавството во секое поединечно поглавје од европското законодавство;
* подготовка на „ Извештај за завршен скрининг (''Screening Report'')“ од страна на [[Европска комисија|Европската комисија]], согласно со наодите од извршениот скрининг, во кој се содржани сите недостатоци во однос на законодавството и административниот капацитет, а кои ќе треба да се пополнат во текот на преговорите;
* Отворање на поглавјата за преговори, по донесена одлука од страна на Советот на ЕУ, при што се повикува земјата-пристапничка да ги претстави преговарачките позиции за секое поглавје одделно. Во текот на преговорите, земјата се обврзува на временски рокови во кои целосно ќе се изврши преостанатото усогласување со европското законодавство. Исто така, постои и лимитирана можност за користење на т.н. транзициски периоди - за определени области може да се побара целосното прилагодување и усогласување да заврши во определен период по зачленувањето во ЕУ (обично се работи за прашања што имаат големи фискални импликации во делот на [[Животна средина|животната средина]]). Исто така, отворањето и затворањето на преговорите во одредени поглавја може да бидат условени со поставување на т.н. одредници (benchmarks) кои треба да бидат исполнети.
 
По завршувањето на преговорите, се определува датум на кој земјата станува полноправна членка на ЕУ. Со зачленувањето во ЕУ, централната банка по автоматизам станува дел од [[Европски систем на централни банки|Европскиот систем на централни банки]] (ЕСЦБ). Влегувањето во третата фаза на [[ЕМУ]], односно воведувањето на [[Евро|еврото]], е задолжително и за тоа не постојат можности за opt-out како во случаите на [[Велика Британија]], [[Данска]] и [[Шведска]]. Сепак, според европското законодавство не е дефиниран временски рок за влез на земјата во третата фаза од ЕМУ, па така новите земји може влезот во еврозоната да го одлагаат по нивен избор. Влезот во ЕМУ е условен со исполнување на критериумите за конвергенција (односно критериумите од [[Мастрихт]]) од страна на одделната земја.
 
===Членки на ЕУ===
ЕУ во моментот има 28 држави членки и приближно 504 милиони жители. Ако би била една држава, ЕУ би била седмата најголема држава во светот по површина и трета најголема по население, по [[Кина]] и [[Индија]].
* {{flagicon|Germany}} [[Германија]]