К2: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 25:
Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу автономниот округ [[Ташкурган (автономен округ)|Ташкурган]] (кој е дел од [[Сјинџанг]], [[Кина]]), и северните територии на [[Пакистан]]. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава [[Џаму и Кашмир]]. Моментално К2 е под пакистанска управа.
 
Планината првпат била истражена од [[Европа|европски]] истражувачки тим во [[1856]] предводен од [[Хенри Хавершам Годвин-Остен]]. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол врвот "К2"„К2“ заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат '''Ќогир''' ([[кин.]] {{јаз|zh|乔戈里峰}}, ''Qiáogēlǐ Fēng''); други називи се '''Монт Годвин-Остен''', '''Ламба Пахар''' („Висока планина“ на урду), '''Дапсанг''', '''Кечу''' и '''Чогори''', што значи „Крал на планините“.
 
Искачувањето на К2 се смета за доста потешко од искачувањето на [[Монт Еверест]]. Во јуни [[2000]] само 189 лица се имаа искачено на К2, наспроти 1500 лица кои го имаа искачено Еверест на истиот датум. Дури 49 лица загинале на стрмнините на К2, од кои 13 само во [[1986]] година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/К2