Трајче Попов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q12960291
сНема опис на уредувањето
Ред 21:
}}
 
'''Трајче Попов''' ([[Велес]], [[15 јули]] [[1923]] - [[Скопје]], [[30 март]] [[2007]]) е македонски [[филмски режисер]], [[снимател]] и [[сценарист]] од генерацијата основоположници на македонската кинематографија. Автор е на над 100 документарци, а негово антологиско дело е „[[Свадбата на Шарпланинецот]]“.
 
Со гимназиско образование се стекнува во родниот град, а [[1945]] година во [[Скопје]] завршува курс за новинари, по што станува дописник на Новинската агенција [[Танјуг]] за Велешкиот округ. Во текот на [[1946]] година во [[Белград]] го завршува курсот за самостојни сниматели и режисери што го организира Комитетот за кинематографија на ФНРЈ и станува дописник на филмскиот журнал на „Звезда филм“. Во овој период, па сè до [[1948]] година, Попов е регистратор на скапоцена документарна граѓа од терените на [[Македонија]], [[Грција]], [[Албанија]] и [[Бугарија]]. Од овој период се и неговите први документарни филмови: „Жито за народ“народот“ (1947), „Низ Пиринска Македонија“ ([[1948]]), „Првиот конгрес на КПМ“ ([[1949]]) и „Братска помош“ ([[1950]]).
 
Има реализирано преку сто документарни филмови со различна тематска определба, кои ја одбележуваат спецификата на македонското поднебје. Меѓу нив особено се издвојуваат: „Бели мугри“ ([[1952]]), „Свадбата на Шарпланинецот“ ([[1970]]) и „Ликвидатор“ ([[1983]]), за коишто има добиено и вредни награди и признанија, меѓу кои се и наградите [[Награда 11 Октомври|11 Октомври]] и [[Награда 13 Ноември|13 Ноември]].