Озон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 79 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q36933 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 44:
Озонот е една од трите форми, наречени [[алотропи]], на елементот [[кислород]]. Озонот е триатомски кислород, што значи дека има три атоми во секој молекул (формула О<sub>3</sub>). Обичниот, или двоатомски кислород (O<small>2</small>) е повеќе стабилен од озонот и затоа е голема неговата застапеност во атмосферата. Електрични искри и [[ултравиолетово зрачење]] можат да предизвикаат обичниот кислород да се претвори во озон. Присуството на озон понекогаш предизвикува забележителен мирис близу електрични излези.
 
Во долните делови на атмосферата, озонот, се содржи во мали концентрации. Обвивката на атмосферата од 19 до 48 [[km]] над морско ниво, во слојот [[стратосфера]], содржи поголемо количество на озон, создаден појпод дејство на ултравиолетовите зраци од [[Сонце]]то. Дури и во оваа обвивка, процентот на озон е само 0,001 по [[волумен]]. Атмосферските нарушувања носат големи количини озон на Земјата. Човечката активност додава озон во долниот дел од атмосферата, каде станува загадувач и може да предизвика голема штета.
 
Озонската обвивка стана предмет на грижа во раните 1970-ти, кога се пронајдени хемикалии познати како [[хлорофлурокарбонати]] (CFC), или [[хлорофлурометани]], кои се издигнувале во атмосферата во големи количини заради нивната употреба во фрижидери и аеросол распрскувачи. Загриженоста се фокусирала на можноста дека овие [[соединенија]], преку дејството на сончевата [[светлина]], можат хемиски да го нападнат и уништат стратосферскиот озон, кој ја штити земјината површина од преголемо ултравиолетово зрачење. Како резултат на ова, индустриите во светот ги замениле CFC супстанциите во скоро сите нивни употреби.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Озон