Хуан Рамон Хименес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
 
[[Слика:JRJimenez.JPG|десно|300п|мини|Хуан Рамон Хименес]]
'''Хуан Рамон Хименес''' ([[23 декември]] [[1881]], [[Могер]] - [[29 мај]] [[1958]], [[Сан Хуан]], [[Порторико]]) се смета, покрај [[Антонио Мачадо]] и [[Федерико Гарсија Лорка]], за најголем поет на [[Шпански јазик|шпанскиот јазик]] на дваесеттиот век, со пресудно влијание на најзначајните шпански лиричари од првите децении на столетијето. Учител и пријател на [[Лорка]], [[Алберти]], [[Гилјен]], [[Салинас]], [[Алеиксандре]], [[Сернуда]], неговата пеозија ги отвора и ги освојува патиштата на шпанската лирика кон врвовите на модерната поезија во светот. Затоа со право е напишано дека „сите врености, сите резултати со кои се гордее и се радува актуелната кастиљска поезија стсаа преку Хуан Рамон Хименес, беа оспорувани од Хуан Рамон Хименес, беа пуштени во оптек од Хуан Рамон Хименес“ и дека „тој протега еден чудесен мост од светлини, бои, тонови над субверзивните движења“. Застапник на поетика, како што пишува тој, за „ни поново...ни подалеку; подлабоко, и за „чиста“, апсолутна пеозија, и воведувач на неопопуларизмот и култот спрема класиците во согласје со големите искуства на европскиот романтизам и симболизам, тој го изодува патот кон една метафизичка, длабока, себеиспитувачка пеозија за смислата и убавината на постоењето.<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2010</ref>
 
==Биографија==
'''Хуан Рамон Хименес''' е роден во [[Могер]], [[Андалузија]], во 1881 година. Матурира во колеџот на језуитите во [[Пуерто де Санта Марија]] ([[Кадиц]]), а право студирал во [[Севилја]], за да им се оддаде на [[Поезија|поезијата]] и [[Сликарство|сликарството]]. Нежен со здравјето. младоста ја поминува во [[Санаториум|санаториуми]] во [[Франција]] и [[Шпанија]] и во жива питературна активност во [[Могер]] и [[Мадрид]] (соработува во почеток со [[Рубен Дарио]] во модернистичкото движење, објавува [[поезија]], собира околу себе, во текот на неколку години, младите поети, посебно од [[Германија]] на 27-та.
 
Во 1916 година стапува во брак со професорката [[Сенобија Кампруби Ајмар]], што ќе му биде доживотна сопатничка, патува со неа во [[САД]], за да се врати во [[Мадрид]] целосно посветен во поезијата и на литературните активности. Во почетокот на Граѓанската војна во [[Шпанија]], во 1936-та година, заминува во емиграција каде што останува до крајот на животот - во [[САД]] ([[Њујорк]], [[Вашингтон]]), при што патува во [[Куба]], [[Аргентина]], [[Уругвај]], [[Порторико]], држејќи предавања за шпанската литература на тамошните универзитети.
 
Во 1956-та година станува добитник на [[Нобеловата награда за литература]], три дена пред смртта на Сенобија, неговата жена.
Ред 14 ⟶ 13:
Целосно посветен на литературата, Хуан Рамон Хименес е автор на повеќе книги [[проза]], на [[дневници]], [[есеи]] и критики, но пред сè и над сè на четириесеина книги [[поезија]].
[[Слика:Firma de Juan Ramón Jiménez.jpg|лево|мини|250п|Потпис на Хуан Рамон Хименес]]
 
==Творештво==
Книги поезија на Хуан Рамон Хименес: