Амандин Лејно: Разлика помеѓу преработките

француска ракометарка
Избришана содржина Додадена содржина
AXSONNN (разговор | придонеси)
Создадена страница со: {{Infobox handball biography | name = Амандин Лејно | image = [[Податотека:Amandine Leynaud.jpg|220px]...
(нема разлика)

Преработка од 16:31, 26 декември 2013

Амандин Лејно (родена на 2 Мај 1986 год. во Обена)е фанцуска ракометарка која игра во македонскиот клуб ЖРК Вардар и за репрезентацијата на Франција.

Амандин Лејно
Лични податоци
Роден(а) 2 мај 1986(1986-05-02)(37 г.)
Обена, Франција
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001780000001,78 м
Тежина 64 Кг.
Позиција Голман
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Вардар СЦБТ
Број 12
Младински клубови
-2003
2003-2004
Франција Обенас
Франција ДХБ Бург
Сениорски клубови
2004–2012
2012-2013
2013-
Франција Metz Handball
РоманијаОлчим Валчеа
МакедонијаЖРК Вардар СЦБТ
Репрезентација
2005– Франција Франција 136 (1)

Амандин Лејно почна да тренира ракомет во родниот град Обенас во Франција, каде настапуваше до 2003 година, а како јуниорка една сезона играше и во екипата на ДХБ Бург. Во 2004 година потпиша договор со најуспешниот француски клуб, Мец и на 18-годишна возраст ја почна својата професионална карира. Во осум сезони поминати на голот на Мец, Лејно освои шест титули шампион на Франција, седум титули во Куп на лигата и една титула во Куп на Франција. Беше прогласена за најдобар голман во францускиот шампионат за 2008 година. Во март 2012 година Лејно се пресели во екипата на Олчим Валчеа во Романија, но поради повреда на лигаментите на коленото во изминатава сезона не одигра ниеден официјален натпревар за романската екипа. Од март 2013 година Лејно е ракометарка на ЖРК Вардар СЦБТ.

Во репрезентацијата на Франција дебитираше во 2005 година, а по пензионирањето на Валери Никола во 2008 година, Лејно ја доби улогата на прв голман во францускиот национален тим. Со репрезентацијата на Франција има средбро од СП 2008 во Кина и од СП 2011 во Бразил и 5.место на СП 2007 во Франција. Од настапите на европските превенства има 14.место на ЕП 2008 во Македонија и 5.место на ЕП 2010 во Норвешка и Данска. Амандин Лејно беше во составот на Франција и на последните две Олимпијади, на ОИ 2008 во Пекинг (5.место) и на ОИ 2012 во Лондон (четврт-финале).