Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 101:
Воздигнувањето на Констанциј за [[август (титула)|август]] никогаш не било прифатено во [[Константинопол]], но тој конфликт бил брзо надминат откако мажот на Плацидија умрел на 2. септември 421 г. Гала Плацидија, сега мајка на малиот Валентинијан, се обидела да обезбеди наследство на престолот за својот син, но во 422 г. била протерана и се скрила во Цариград на дворот на [[Теодосиј II]]. [[Хонориј]], кој немал деца, умрел на 15. август 423 г. и неговата смрт довела до нови беспошттедни борби кои практично ги уништиле сите придобивки од напорите на Констанциј.
 
[[Податотека:Galla Placidia (rechts) und ihre KinderGalla_Placidia_and_her_Children_Miniature_painting_on_gilded_glass_medallion.jpg|thumb|250px|'''[[Гала Плацидија]] и нејзините деца''', [[августа (титула)|августата]] е прикажана десно, нејзината ќерка [[Хонорија]] во средината, а синот [[Валентинијан III]] лево.]]
 
Бидејќи во Равена немало претставник на старата династија на Теодосиј, за цар бил избран високиот претставник на бирократијата Јован, но намесникот на дијацезата Африка, [[Бонифациј]], одбил да го прифати неговиот избор, а потоа тоа го сторил и источноримскиот цар [[Теодосиј II]]. Потоа Теодосиј испратил војска во Равена која го тргнала узурпаторот Јован, а потоа, на 23. октомври 425 г., [[Валентинијан III]] бил прогласен за август на Западот во Рим.