Социјална психологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 44:
Социјална психологија е тесно поврзана со неколку сродни области особено социологијата и психологијата. Социологијата е наука за човековото општество. Таа ги проучува општествените институции (семејството, религијата, политиката...), стратификацијата во рамките на општеството (класната структура, расата и етничката припадност, родовите улоги...), основните социјални процеси (социјализацијата, девијантното однесување, општествената контрола...) и структурата на општествените единици (групите, мрежите, формалните организации, бирократијата...). Спротивно на тоа, психологијата е наука за поединецот и неговото однесувањето. Иако ова однесување може да биде социјално по својот карактер, тоа не е секогаш такво. Психологијата обработува теми како што се човековото учење, перцепцијата, меморијата, интелигенцијата, емоциите, мотивацијата и личноста. Социјална психологија ги спојува социологијата и психологијата. Всушност, таа се смета за интердисциплинарна наука.
 
И социолозите и психолозите придонесуваат за збогатување на сознанијата во социјалната психологија. Социјалните психолози кои повеќе се приклонети кон социолошката традиција се потпираат првенствено на истражувања со примероци и опсервациски техники за прибирање на податоци. Овие истражувачи се најзаинтересирани за односите помеѓу поединците и групите на коишто тие им припаѓаат. Тие ги нагласуваат процесите како што се социјализацијата, конформизмот и девијантното однесување, социјалната интеракција, себеприкажувањето, водството, регрутирањето на членство како и соработката и конкуренцијата. Социјалните психолози кои повеќе се приклонети кон психологијата во голема мера се потпираат на лабораториската експериментална методологија. Нивниот примарен интерес е како однесувањето на поединецот и неговите внатрешни случувања/доживувања се афектирани од страна на социјалните стимули (најчесто од другите луѓе). Тие вообичаено зборуваат за теми како што се себството[[сепство]]то, перципирањетовосприемањето другина другите лица и атрибуцијатапридавањето, ставовите и нивното менување, разликите во однесувањето помеѓу поединците, социјалното учење и моделирањето, алтруизмот и агресијата и интерперсоналното привлекување. Така, социолошки ориентираните и психолошки ориентираните социјални психолози се разликуваат во нивните погледи и интереси за појавите. Како што може и да се очекува, тоа води до формулирање различни теории и спроведување различни истражувачки програми. Сепак, овие разлики многу почесто се надополнуваат отколку што се спротивставуваат меѓу себе. Затоа и социјалната психологија како научно поле е побогата токму заради различните придонеси на двата пристапи.