Евмен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Еумен на Евмен презапишувајќи врз пренасочување
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Евмен Кардиски''' ([[362 п.н.е.]] - [[316 п.н.е.]]) бил македонски генерал и секретар на [[Александар Македонски]] и еден од [[дијадосите]]. Од [[323 п.н.е.]] бил сатрап на [[Кападокија]] и [[Пафлагонија]]. Бил предаден од неговите војници во дијадошките војни.
 
Евмен е роден во [[Кардија]], Галиполе. Работел како секретар кај [[Филип II]], а после неговата смрт и кај [[Александар Македонски]]. После смртта на Александар [[323 п.н.е.]] командува со голема војска, која е во служба на [[Александар IV Македонски]] (родениот син на Александар). При поделбата на македонската империја Евмен на управување ја добива [[Кападокија]] и [[Пафлагонија]], кои биле проблематични за владеење.
 
Регентот на македонската империја [[Пердика]], им дава задача на [[Антигон]] и [[Леонат]] да му помогнат на Евмен за целосно да завладее со [[Кападокија]] и [[Пафлагонија]]. [[Антигон]] ја одбил оваа задача која му ја дал [[Пердика]], по што бил повикан на суд заради непослушност. Но [[Антигон]] се здружил со [[Антипатар]], [[Кратер]], [[Птоломеј]] и [[Лизимах]] против [[Пердика]]. Евмен останал на страната на [[Пердика]]. Кога [[Кратер]] и [[Антипатар]] завршиле со [[Ламиската војна]] и ја потчиниле [[Грција]], тргнале во [[Азија]] за да го срушат [[Пердика]]. Прво ја нападнале [[Кападокија]]. [[Кратер]] и [[Неоптоломеј]], сатрапот на [[Ерменија]], биле поразени близу [[Хелеспонт]] [[321 гпне]] од страна на [[Евмен]]. [[Неоптоломеј]] загинал во битката, а [[Кратер]] подоцна починал како последица на тешкото ранување.
 
Откако бил убиен [[Пердика]] во [[Египет]], македонските генерали решиле да расчистат и со Евмен, таа задача ја добиваат [[Антипатар]] и [[Антигон]]. На Евмен му откажуваат послушност неговите официри по што морал да се засолни во тврдината Нора, која се наоѓала помеѓу [[Кападокија]] и [[Ликаонија]], каде останал повеќе од една година, се до смртта на [[Антипатар]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Евмен