Разлика помеѓу преработките на „Алфред Н'Диаје“

Додадени 4.824 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
'''Алфред Н'Диаје''' ([[6 март]] [[1990]], [[Париз]]) е [[Франција|француски]] [[фудбалер]] со [[Сенегал | сенегалско]] потекло кој во моментов игра за [[Англија | англискиот]] клуб [[Сандерленд А.Ф.К. | Сандерленд]] во [[Премиер лига]]та. Тој е подеднакво вешти во играта на две позиции како [[Одбрана (фудбал) | централен одбранбен играч]] и како [[Среден ред (фудбал)|дефанзивен играч од средниот ред]].
 
== Фудбалска кариера ==
=== Почетоци ===
Алфред ја започнал својата кариера во анонимниот клуб УС Вандевр во градот [[Вандевр-ле-Нанси]]. На возраст од 14 години, тој се преселил во еден кварт во [[Нанси]] близу до стадионот на {[ФК Нанси | истоимената екипа]] за да може да ја продолжи својата кариера играјќи за најголемиот клуб во регионот. По пристигнувањето, Алфред поминувал низ многу проблеми во почетокот, но набрзо станал забележлив по неговата втора сезона во академијата. Во 2006 година, тој го потпишал својот прв професионален договор.
 
=== Ненси ===
Н'Диаје го направил своето деби за тимот во текот на [[Лига 1 2007-08 | сезоната 2007-08]] во [[Француски Лига куп|Лига купот]], на возраст од 17, влегувајќи како замена на полувремето на местото на [[Фредерик Бјанкалани]] во поразот од 0-3 против [[ФК Ленс|Ленс]]. Тоа било и неговиот единствен настап таа сезона, по што тој бил вратен назад во тимот на резервистите, и му помогнал на младинскиот тим на Нанси едвај да избегне испаѓање.
 
По таа сезона, Н'Диаје заработил промоција во сениорскиот тим на Нанси за [[Лига 1 2008-09 | сезоната 2008-09]]. Тој го зел дресот со број 29 и го носел на своето деби во лигата во првиот натпревар од сезоната против [[ФК Лил | Лил]], во кој се појавил како замена а мечот завршил без голови. Два месеци подоцна, тој ја добил неговата прва шанса да биде стартер во еден натпревар од лигата, против [[ФК Париз Сен Жермен | ПСЖ]] во ремито 1-1. Неговите добри перформанси му даваат можност постојано да биде стартер во тимот, па така тој ги одиграл комплетните 90 минути во изненадувачката победа од 3-0 на Нанси над [[ФК Олимпик Марсеј|Марсеј]] на [[Велодром]].
 
=== Бурсаспор ===
На 1 јули 2011 година, Ненси потврди на својата веб страница дека клубот постигнал договор со турскиот клуб [[Бурсаспор]] за трансфер на Н'Диаје. Договорот бил финализиран на 3 јули за наводна сума од 2.000.000 €.
 
=== Сандерленд ===
На 9 јануари 2013 година, англискиот премиерлигаш [[Сандерленд А.Ф.К. | Сандерленд]] најави дека го комплетирал трансферот на Алфред Н'Диаје за пријавена сума од € 4.700.000. На 12 јануари 2013 година, Н'Диаје го направил своето деби за Сандерленд на [[Стадион Stadium of Light|Stadium of Light]] во натпревар против [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]] во кој неговиот тим забележил победа со 3-0. Тој влегол во игра како замена за [[Адам Џонсон]] и за малку не го постигнал својот прв гол речиси со својот прв допир со топката во англискиот фудбал откако неговиот шут оддалечина поминал само неколку сантиметри крај голот. Својот деби старт за Сандерленд, Н'Диаје го имал на гостувањето кај [[ФК Виган Атлетик|Виган]], во кој тој одработил фантастична асистенција која искористил [[Стивен Флечер]] во уште еден триумф на ''црните мачки'' овојпат со 3-1.
 
==Надворешни врски==