Етапна трка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Во спортот, '''етапата''' е единица од трка, која е поделена на неколку дена поради д...
 
Ред 14:
 
=== Планински етапи ===
 
Од друга страна, пак, планинските етапи често предизвикуваат големи разлики во завршните времиња, особено кога самата етапа се завршува на врв од планина. Доколку етапа се завршува на подножјето на планината на која се искачувале, возачите имаат шанса да се спуштаат агресивно и да го достигнат оној кој ги победил на врвот. Поради ова, планинските етапи често се сметаат за одлучувачки фактор на повеќето трки и често се посетени од стотици илјади посетители.
 
Планините често предизвикуваат големи разлики во завршните времиња поради едноставните закони на физиката. Најпрвин, помалата брзина означува дека аеродиначната предност постигната од заветрината е многу помала. Понатаму, полесните возачи создаваат поголема сила по килограм отколку потешките возачи; така, спринтерите и универзалните возачи, кој се малку поголеми, страдаат на искачувањата и губат многу време - преку 40 минути на долгите етапи. Општо, овие возачи создаваат група познат како „автобус“ и возат со одмерено темпо до крајот. Нивна единствена цел е да ја поминат линијата во рамките на предвидената временска граница - обично времето на победникот на етапата плус 15% - или тие ќе бидат дисквалификувани од трката (преку одлука на организаторите; во ретки случаи водечкото бегство станува толку големо, што целата група паѓа далеку и доцни многу, па им се дозволува да останат во трката со цел да се избегне исклучување на целата група.
 
Полесните возачи се движат по падините со многу поголема брзина. Обично возачите за генералниот пласман се обидуваат да останат близу челото на групата и тие исто така се обидуваат да ги зачуваат нивните совозачи со нив. Овие совозачи се тука за одредување на нивното темпо - и доколку можат да ги отфрлат нивните ривали - и да им пружат морална поддршка. Вообичаено, водачот ќе нападне многу силно, кога преостануваат уште неколку километри, обидувајќи се да добие на време во однос на неговите ривали. Разлики од две или дури три минути можат да бидат постигнати во само неколку километри со силни напади.
 
==== Умерено-планински етапи ====
 
На поголемите етапни трки, некои етапи некогаш се означуваат како „умерено-планински“, „ридски“ или „просечни“ етапи. Овие етапи се потешки отколку рамните етапи, но не толку тешки како планинските. Тие често се поставени за бегства. Понекогаш, разликата помеѓу умерено-планински и планински ја одредуваат самите организатори и самата поделба може да биде контроверзна. [[Џиро д’Италија]] има углед на лош избор, па тешките етапи често се означени како умерено-планински.<ref>http://www.steephill.tv/2008/giro-d-italia/</ref>
 
=== Етапи за „бегства“ ===
 
Последни, некои етапи секоја година се познати како „добри за бегства“ - кога еден или неколку возачи ја напаѓаат групата и победуваат на целта. Обично, овие етапи се некаде помеѓу рамни и планински. Етапите за бегства им даваат шанса на универзалните возачи да се впуштат во борбата за победа. Специјалистите за искачување сакаат да ја зачуваат нивната енергија за планините, а спринтерите не можат да го дадат својот максимум на ридовите.
 
=== Специјални правила ===