Стефан Душан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава als:Stefan Uroš IV. Dušan
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
== Прогласувањето на Душан за крал ==
Стефан Душан бил роден околу 1308 год. Детството го поминал во прогонство во Царигард,каде што живеел со неговиот ослепен татко и со мајка му Теодора, која била ќерка на бугарскиот цар Смилец. На тринаесет
годишна возраст станал совладетел на неговиот татко [[Стефан Дечански]]. На 22 годишна возраст бил избран за српски крал. Пред да почне со освојувањата Стефан Душан морал да ја среди ситуацијата во државата. „ А ако некој сака да чуе за оној што владее со Рашка,за синот на слепиот, ќе знае дека иако е помал по тело и помлад, сепак со својата навистина нечуена отровна злоба и дрска волја,своите стари ги превишува и надминува“<ref>Сп. Ј. Белчовски, Гијом Адам упатство за патување во Светата земја, 1932 год</ref>. Тој најпрвин го отстранил од власт неговиот татко Стефан Дечански кој се наоѓал во Петрич а потоа бил заробен и испрстен во Звеќанин каде што наскоро бил задавен. Така Стефан Душан се прогласил за крал на 8-ми септември 1331 година. [[Слика:Dusanova Srbija200.jpg|мини|230px|десно|Душановото царство]]
 
 
=== Средување на внатрешната состојба ===
 
Во пролетта 1332 год. избувнал бунт на феудалците во Зета под водство на Богоја и Димитриј Сум кој претходно му помогнал на Душан да ја освои власта. На страна на востаниците застанал барскиот епископ Гиј Адам кој го повикувал францускиот крал да ја нападне Србија и да им помогне на Латините и католичките Албанци. Востанието се проширило и во Албанија и на крајот било задушено. Истата година тој склопил сојуз со Бугарија и се оженил со бугарската принцеза Елена сестра на Иван Александар. За момент се откажал од српското право врз Хум и оваа прашање го оставил за подоцна. Во 1333 година издал повелба во која на Дубровчаните им ги отстапил Стон и Пелешец како и приморјето и островот Посредница на устието на Неретва кој им бил многу важен на Дубровчаните. Тие најпрвин му исплатиле 8000 перпери, а потоа се обврзале да му плаќаат данок на Душан 500 перпери годишен данок. Со помош на Дубровчаните ги средил односите со Босна. Откако ги средил внатешните прилики и односите со Бугарија Душан решил да започне војна против Византија за освојување на нови територии. Неговите освојувања претставуваат продолжение на оние што ги водел кралот Милутин. „Споменот за него како мудар и моќен владетел останал да живее долго после него“<ref> Lo imperator Stefano el qual to salvio sengor et posente упатство на дубровничките пратеници на босанскиот крал од 10 јуни 1403 год.</ref>. Биле освојени Македонија, Албанија, Епир и Тесалија, кои биле заземени благодарени на граѓанските војни кои се воделе во Византија. Душан ги искористил непријателствата меѓу Унгарците и Венецијанците за превласт на јадранското крајбрежје. Бил во добри односи со Венецијанците и им помагал во борба против Анжујците.