Придавка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава tt:Сыйфат (сүз төркеме)
дополнување, обновување
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{ExamplesSidebar|35%|
* Ова е '''висока''' зграда.
Ред 8 ⟶ 7:
}}
Во [[граматика]]та, '''придавка''' е збор чија главна [[синтакса|синтаксичка]] улога е да ги модифицира [[именки]]те или [[заменки]]те, давајќи повеќе информации за именката или заменката. Класичната дефиниција за придавките е дека тие се всушност зборови кои ги означуваат особините на предметите и појавите.
 
== Видови придавки ==
 
1. '''Квалитативните придавки''' означуваат својство што се открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет.
 
''На пр.: добар, убав, мирен (коњ)''
 
2. '''Односните (релативни) придавки''' означуваат својства што упатуваат на некој друг предмет.
 
''На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.''
 
3. '''Бројните придавки''' го означуваат односот на предметите по ред.
 
''На пр.: прв, втор (коњ)''
 
4. '''Заменските придавки''' се изведени од заменки и многу наликуваат на нив.
 
 
Разликуваме:
 
а) '''Присвојни заменски придавки'''
 
* мој, моја, мое; мои; наш. наша, наше; наши
* твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши
* негов, негова, негово; негови;
* нејзин, нејзина, нејзино; нејзини. нивни, нивна, нивни; нивни
* како и: свој, своја, свое; свои
 
б) '''Заменски придавки''' со показно и квалитативно значење
 
* ваков, ваква, вакво; вакви
* таков, таква, такво; такви
* каков, каква, какво; какви;
* онаков, онаква, онакво; онакви;
* секаков, секаква, секакво; секакви;
* некаков, некаква, некакво; некакви;
* никаков, никаква, никакво; никакви;
* толкав, толкава, толкаво; толкави;
* колкав, колкава, колкаво; колкави;
* олкав, олкава, олкаво; олкави;
* онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави;
* сиот, сета, сето; сите;
* сам, сама, само; сами;
* ист, иста, исто; исти;
* друг, друга, друго; други.
 
== Граматички категории кај придавките ==
 
Бидејќи основната служба на придавката е да ја определува именката, таа од неа ги добива и своите граматички обележја.
Придавката ги има истите граматички категории како именката: [[род]], [[број]] и [[определеност]].
 
1. '''Родот''' кај придавките може да биде машки, женски и среден и зависи од именката до која стои. Односно, ако именката е од [[машки род]], тогаш придавката ќе се прилагоди и ќе биде во [[машки род]] (дрвен стол), ако именката е од [[женски ро]]д и придавката ќе го преземе женскиот род (дрвена маса), а ако е од среден род и придавката ќе биде во [[среден род]] (дрвено столче).
 
Родот кај придавката е променлив во зависност од именката која ја определува.
 
'''На пр.: м.р. - добар човек; ж.р. - добра жена; ср.р. - добро дете.'''
 
(Најлесен начин за определување и разликување на придавките од именките е родот. Кај именките тој е непроменлив, а кај придавките се менува.
 
''На пр.: работливост - женски род кој не може да се промени (таа работливост); значи е именка;
работлив - машки род, но можеме да го промениме - работлива - женски род; работливо - среден род; значи е придавка.)
''
 
2. '''Бројот''' кај придавките исто така зависи од бројот на именката што ја определува. Придавките имаат еднински форми за машки, женски и среден род и една форма за множина.
 
''На пр: добар, добра, добро; добри.''
 
3. Кај граматичката категорија определеност, придавката го презема членот од именката.
 
Кога имаме определена [[синтагма]] (именска група од [[придавка]] и [[именка]]), го членуваме само првиот [[збор]], односно придавката (не може да се членуваат двата збора, туку само првиот).
 
'''На пр.: (добар) човекот - добриот човек.'''
 
== Степенување на придавки ==
Карактеристично за квалитативните придавки е тоа што образуваат форми на [[компарација]]. Со нив се изразува степенот на дадениот квалитет кога се споредуваат два или повеќе предмети.
 
Разликуваме:
1. [[Позитив]] - основната форма на придавката (добар).
 
''На пр.: Тој е добар ученик.''
 
2. [[Компаратив]] - форма за споредување на два предмета.
Се образува со префиксот: по-, кој се пишува слеано со придавката (подобар).
 
''На пр.: Тој е подобар ученик од Горан.''
 
3. [[Суперлатив]] - форма за споредување на еден со повеќе предмети.
Се образува со префиксот: нај-, кој се пишува слеано со придавката (најдобар).
 
''На пр.: Тој е најдобар ученик во класот.''
 
== Образување на придавкие ==
Дел од придавките се образуваат од други зборови (особено односните) со суфикси.
 
1. Образување од именки обично се прави со суфиксите:
* ов/ -ев (јаболков);
* ски/ -шки/ -чки (свински, морски, тиквешки, човечки);
* ен (дрвен, златен, устен);
* ест (пердувест);
* ин (теткин);
* ји (птичји, кравји)
* ав (крастав)
 
2. Од глаголите се образуваат придавки со следните [[суфикси]]:
* ен (плетен, шиен);
* ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки);
* лив (предвидлив, миризлив);
* телен (растителен).
 
3. Од други придавки:
* кав (дебелкав, жолетникав);
* ичок/ - ечок (слабичок, малечок);
* узлав (белузлав).
 
4. Од [[прилози]]:
* ен/ -шен (долен, овдешен).
 
5. Од бројни основи:
* ен (двоен, троен)
* ти (петти);
* ичен (првичен, вторичен).
 
== Функција на придавки во реченица ==
Придавката во реченицата е секогаш поврзана со именката.
 
''На пр.:
1. Добра книга.
2. Книгата е добра.''
 
Во првиот пример врската е непосредна (веднаш пред именката) и тогаш придавката има улога на [[атрибут]].
 
Во вториот пример врската е посредна (стои со помошниот [[глагол]] сум - е) и тогаш е дел од прирокот ([[именски прирок]]).
 
 
{{лингвистика-никулец}}
{{Зборовни групи}}