Шушкава согласка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{начин на творба}}
 
'''Шушкава согласка''' ('''сибилант''')<ref>{{маклек|сибилант|сибилант}}</ref> е [[струјна согласка|струјна]] или [[слеана согласка]] чиј [[начин на творба]] е насочување на воздушниот тек по јазикот кој води до остриот раб на [[заб]]ите, кои се држат доближени. Примери за шушкави согласки во [[македонски јазик|македонскиот јазик]] се '''[[с]]''', '''[[з]]''', '''[[ч]]''', '''[[џ]]''' и '''[[ж]]'''. [[Меѓународна фонетска азбука|Меѓународната фонетска азбука]] (МФА) истите ги бележи со {{МФА|[s] [z] [ʃ] [tʃ] [dʒ] [ʒ]}}. Од нив, ч и џ се слеани, а останатите се струјни гласови. Шушкавите согласки имаат својствен силен звук, поради што се користат вонјазично за добивање на нечие внимание („пст!“) или замолчување („шшш!“).
 
Кај [[венечна согласка|венечните]] '''с’скави''' шушкави согласки с и з, задниот дел од јазикот образува тесен премин (се „зажлебува“) за да го сосредоточи воздушниот тек, со што се добива висок тон. Кај '''ш’шкавите''' струјни согласки како ш ч ж и џ, јазикот е порамен, па затоа тонот е понизок.