Разлика помеѓу преработките на „Риби“

Додадени 480 бајти ,  пред 7 години
дополнување
с (r2.7.3) (Робот: Менува lez:Гъед (гьайванар))
(дополнување)
 
Многу риби се движат низ водата со брановидни движења на нивните тела и ја контролираат насоката на движењето со помош на перките. Сите имаат [[кожа]] прекриена со лигава [[Жлезда|жлездеста]] секреција која го намалува триењето со водата, како и крлушки, кои заедно со мукозната секреција формираат речиси непропустлива за вода обвивка. Сите риби имаат страничен систем на сензорни органи за детекција на промени на [[притисок]]от во водата. Поседуваат и [[жабри]] за [[дишење]] лоцирани во канали кои водат од голтникот до надворешноста; неколку риби исто така имаат бели дробови како додатни структури за респирација. Освен во примитивните класи, во сите други жабрените канали се поддржани со скелетни структури наречени жабрени лаци. Рибите кои се хранат со [[планктон]] имаат мрежовидни структури на жабрите кои ги собираат малите организми. Рибите дишат со земање на вода во устата, која потоа се продолжува низ жабрите надвор; како што водата минува низ тенкоѕидните жабри, растворениот кислород [[Дифузија|дифундира]] низ жабрените [[капилар]]и, а [[јаглерод диоксид]]от дифундира во надворешната средина. [[Циркулаторен систем|Циркулаторниот систем]] е од затворен тип, така што постои двокоморно [[срце]]. [[Крв]]та е црвена. Со неколку исклучоци, рибите се ладнокрвни (поикилотермни организми), односно тие неможат да ја регулираат нивната телесна температура, која е иста како таа на околината.
 
Телото на рибите е покриено со многуслојна кожа. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата. Површината на рибите е покриена со варовикови стргунки различни по форма и големина, кои имаат заштитна улога.
 
== Размножување ==
1.565

уредувања