Разлика помеѓу преработките на „Шпанска граѓанска војна“

с
с (r2.7.2+) (Робот: Додава my:စပိန်ပြည်တွင်းစစ်)
 
== Македонци во Шпанската граѓанска војна ==
[[Податотека:Spas Bandzov-Ohrid.jpg|мини|десно|200п|Биста на Спас Банџов во Охрид]]
 
На страната на Републиката се бореле и 329 Македонци,<ref>[http://217.16.70.245/?pbroj=2145&pr=7&stID=74068 Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“]</ref> од трите делови на Македонија. Тие во Шпанија доаѓале од Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот Сојуз, Аргентина, Белгија, Алжир, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу попознатите се:<ref>[http://www.marxists.org/makedonski/istorija/spanija/makedonski_spanci.htm Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна]</ref> [[Алексо Демниевски - Бауман]], [[Цветко Узуновски]], [[Ганчо Хаџипанзов]], [[Елисие Поповски]] и [[Кирил Ќамилов]]. Останати македонски шпански борци се: [[Спас Банџов]], [[Трајко Мишковски]], [[Иван Дојчинов]], [[Боро Поцков]], [[Урфи Аголи]], Димитар Тодоров, Петар Калев, Борис Атков, Трифун Бузев, Тане Наумов, Тодор Димитров, Илија Јотов, Панајот Јотов, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската република биле и: [[Вангел Темелковски]], Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Желеско Рачев, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.