Таксономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с r2.7.3) (Робот: Додава ml:വർഗ്ഗവിഭജനവിജ്ഞാനീയം; козметички промени
Ред 8:
Основач на современата таксономија е шведскиот ботаничар [[Карл фон Лине]] (1707-1778). Со првото и десеттото издание на делото „[[Систем на природата]]“ (''Systema Naturae'', 1735 и 1758) и делото „[[Видови растенија]]“ (''Species Plantarum'', 1753), Линеј изнел темелно преработен таксономски систем во стандардизиран биномен (двоимен) облик и еднаш засекогаш ги решил проблемите на неорганизираниот пристап во дотогашната литература. Системот е практично ист и денес, а таксономите го почитуваат Линеј како основоположник на исправното распознавање на видовите.<ref>Donk, M.A. (1957) Typification and later starting-points. ''Taxon'' '''6''': 245-256.</ref>
 
== Примена ==
Таксономијата е гранка на [[биологија]]та и со неа се занимаваат научници „таксономи“, но честопати и посветени [[природонаука|природонаучници]] кои вршат истражувања на овие полиња. Таксономските трудови играат суштинска улога во осознавањето на [[биолошка разновидност|биолошката разновидност]] и [[заштита на природата|заштитата]] на природата.<ref>Natural History Museum London. ''What is taxonomy?'' http://www.nhm.ac.uk/nature-online/science-of-natural-history/taxonomy-systematics/what-is-taxonomy/index.html</ref> Без разработена таксономија на организмите во дадено подрачје, биологијата добива претстава за биолошката разновидност и не е во можност да добие претстава за нештата што треба да се преземат за да се заштитат организмите. Во денешно време еколошките проблеми добиваат сè поголемо политичко значење, па затоа таксономските трудови не ги засегаат само научните работници, туку и општеството во целина.<ref name=Knapp>Knapp, S. (2010) ''What's in a name? A history of taxonomy.'' http://www.nhm.ac.uk/nature-online/science-of-natural-history/taxonomy-systematics/history-taxonomy/index.html</ref>
 
== Таксономски опис ==
[[Податотека:Linné-Systema Naturae 1735.jpg|мини|десно|Насловна страница на „[[Систем на природата]]“ од [[Карл фон Лине]] (1735)]]
Описот на групите и единките во таксономијата зависи од утврдување на таксонот и негово дефинирање во согласност со низа строги правила. Во [[зоологија]]та, номенклатурата на најзастапените [[таксономски ранг|рангови]] (од [[фамилија (биологија)|натфамилија]] до [[подвид]]) е пропишана во [[Меѓународен кодекс на зоолошка номенклатура|Меѓународниот кодекс на зоолошка номенклатура]] (ICZN). Во [[ботаника]]та, [[фикологија]]та и [[микологија]]та, таксоните се именуваат согласно прописите во [[Меѓународен кодекс за алги, габи и растенија|Меѓународниот кодекс за алги, габи и растенија]] (ICN).
Ред 23:
#Наведените четири услови мора да бидат објавени во дело што е достапно во повеќе исти примероци, како постојан научен запис.
 
Честопати се вклучуваат многу повеќе информации, како [[ареал]] на таксонот, еколошки прибелешки, хемиски податоци, поведение и тн. Начинот на утврдување на таксонот се разликува од случај до случај, зависно од расположивите податоци и ресурси. Методите се разликуваат во голема мера: од квалитативни и квантитативни споредби или забележливи карактеристики, па сè до сложени [[сметач|сметачки]]ки анализи на големо количество податоци од [[ДНК|ДНК-низи]].
 
== Поврзано ==
Ред 89:
[[li:Taxonomie]]
[[hu:Rendszertan]]
[[ml:വർഗ്ഗവിഭജനവിജ്ഞാനീയം]]
[[ms:Taksonomi]]
[[nl:Taxonomie]]