Магијата во Хари Потер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава nn:Trylleformlar i Harry Potter-serien
дополнување
Ред 1:
Магиите се случуваат во замислениот волшебнички свет на серијалот [[Хари Потер]] од авторката Џоан К. Рoулинг. Многу од ликовите ги користат магиите за да постигнат специјални ефекти без употреба на модерна технологија. Главниот приказ на магијата во книгите за Хари Потер е преку гест со [[волшебничко стапче]] и изговaрање на магичните формули. Формули што се употребуваат најчесто се изведени од [[латинскиот јазик]] и го немааат соодветното значење во вистинскиот говор.
 
===Авис===
'''Опис:''' Создава јато мали птици.
'''Спомената:''' Во „Пламениот пехар“ Оливандер ја користи за да го тестира стапчето на Виктор Крум, испраќајќи јато птици низ прозорецот. Хермиона ја користи во „Полукрвниот принц“ за да му прати јато птици на Рон Визли.
'''Етимологија:''' На латински јазик avis значи птица.
===Агваменти===
 
'''Опис:''' Прави млаз вода од волшебничкото стапче.
'''Спомената''': Ја користи Флор Делакур во „Пламениот пехар“ за да го изгасне своето здолниште кое беше запалено во текот на задачата со змејовите. Хари ја користи двапати во „Полукрвниот принц.“ Првиот пат обидувајќи се да му даде на изнемоштениот Дамблдор вода, после напитокот од Волдеморт, и вторпат, ја користеше за да ја спаси колибата на Хагрид која беше запалена од еден од Смртождерите.
'''Етимологија:''' Aqua на латински значи вод, а mentis ум.
 
===Акио===
 
Опис: Магија која ги привлекува предметите кај личноста што ја фрлила.
Спомената: Првпат се споменува во „Хари Потер и Пламениот пехар“, кога Моли Визли со нејзина помош им одзема некои предмети на близнаците. Подоцна, Хари Потер ја користи оваа магија за да ја земе својата метла за летање во текот на првата задача од Тримагискиот турнир. Во „Полукрвниот принц“ и во „Реликвиите на смртта“ со „Акио“ Хари се обидува да собере некои од хоркруксите.
Етимологијата: Латинскиот збор accio значи "јас го повикувам" или "собирам".
 
Алохомора
 
Опис: Ги отклучѕва и отвара вратите.
Спомената: Се користи низ целиот серијал. Првпат, во „Каменот на мудроста“ Хермиона ја употребува на забранетиот трет кат, за да ја отвори собата каде што се наоѓа троглавиот пес. Оваа магија не успева секаде, на пример на вратите на канцелариите од Северус Снејп и Долорес Умбриџ.
Етимологија: Името доаѓа од Сидики, јазик на племето Малагаси од Мадагаскар и значи „поволна за крадците“
 
Анапнео
 
Опис: Го прочистува дишникот ако е затнат.
Спомената: Во „Полукрвниот принц“ ја користи проф. Слагхорн кога еден од учениците почнува да се гуши.
Етимологија: На грчки значи: да се земе здив.
Апаресиум
Опис: Го открива невидливото мастило.
Спомената: Во „Одајата на тајните“ Хермиона ја користи на дневникот од Том Ридл, но не и успева.
Етимологија: На латински јазик appareo значи „да се појави“.
 
 
== Надворешни врски ==