Злата Мегленска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
|prayer_attrib=
}}
Од'''Светата времетовеликомаченичка наЗлата турското владеење владеење во [[Македонија]] познатаМегленска''' е единствената светителка - маченичка од Македонија,времето '''Светатана великомаченичкатурското Златавладеење Мегленска'''во [[Македонија]]. За живототнејзиниот живот и маченичкатамаченичка смрт на света Злата Мегленска дознаваме од нејзиното [[житие]]., Тоакое е напишано во [[1799]] година, на [[грчки јазик]], од очевидецот на нејзиното мачеништво, [[Никодим Светогорец]], во [[1799]] година.
 
== Житие ==
 
Според житието светаСвета Злата Мегленска е родена и пострадала во [[Слатино]], [[Мегленско]], во [[Егејска Македонија|егејскиот дел на Македонија]]. Таа е ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата Мегленска зрачела како со духовни, така и со телесни вискоивисоки квалитети. Духовните квалитети ѝ биле силната вера во [[Господ]] [[Исус Христос]], нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Така нејзината убавина дава повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.
 
Нејзината ретка убавина го привлекла вниманието на [[Отоманска Империја|Турчин]] од нејзиното место кој страсно ја посакал и еден ден, кога таа излегла со своите другарки во [[шума]]та, Турчинот потплатил некои арамии да ја грабнат и да ја одведат во неговиот дом. Таму отпрвин се обидувал да ја натера да се потурчи, ветувајќи ѝ дека ќе ја земе за жена. Но, света Злата останала непоколеблива и на ваквите ветувања му рекла:
 
''Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња.''”}<ref>{{cite web|title=Светата великомаченичка Злата Мегленска |url=http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1930|accessdate=6 јануари 2011|language=Македонски}}</ref>.
 
 
Тогаш Турчинот ја ставил да живее заедно со останатите негови жени, надевајќи се дека тие ќе ја наговорат да се потурчи. Уште какви ли не ветувања ѝ кажувале овие жени, но света Злата не попуштила. По шест месеци Турчинот сфатил дека ни тоа не му помага, па затоа ги повикал нејзините роднини и им се заканил дека ќе ја убие ако не ја натераат да се потурчи. Тогаш нејзините родители и сестри почнале да ја проколнуваат да се потурчи. Притоа ѝ зборувале дека [[Бог]] ќе ѝ го прости тој грев штом е направен под принуда. На сето ова света Злата им рекла: ''Штом вие ме советувате да се откажам од [[Христос]], вистинскиот Бог, не сте веќе мои родители и не сте веќе мои сестри. Јас имам татко, а тоа е Господ Исус Христос. Имам и мајка, а тоа е света [[Богородица]], а браќа и сестри ми се светителите и светителките.''”
 
Кога Турчинот видел дека ни тоа не помага наредил да ја затворат. Три месеци света Злата била затворена при што секојдневно била сурово тепана и мачена. Но сите маки оваа светителка херојски ги издржала охрабрена од својот чувар [[Исус Христос]]. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња. Така таа ја предала својата [[бесмртност|бесмртна]] душа на Исус Христос. Подоцна деловите од нејзиното тело [[христијанство|христијаните]] кришум ги погребале. Света Злата маченички настрадала во [[1795]] година.
 
Житието на света Злата Мегленска, според други, било запишано според кажувањата на духовникот Тимотеј, кој бил [[духовен отец]] на нивното семејство и кој бил сведок на нејзините страдања. Во годината кога света Злата Мегленска била грабната, во [[Македонија]] крстосувале арамиски банди кои нанесувале големи штети на населението, па се претпоставува дека и со неа било исто. Во еден ферман од султанот на [[Селим III|Селим Трети]] стои: “Поредокот„Поредокот во земјата е нарушен, а царските закони никој не ги почитува.”
 
== Наводи ==