Инвестициска банка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
создавање нова статија со содржина и извори
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Инвестициска банка''' ([[англиски]]: investment bank) претставува финансиска институција која се занимава со посредување во издавањето [[хартии од вредност]] и со тргување со хартии од вредност за сметка на своите клиенти, како и во свое име и за своја сметка. Инвестициските банки помагаат при иницијалната продажба на хартиите од вредност на примарниот пазар, а се јавуваат и во улога на [[брокер]]и и [[дилер]]и кои вршат тргување со хартиите од вредност на секундарниот пазар. За разлика од комерцијалните [[банка|банки]], овие банки не примаат [[депозит]]и и не даваат [[кредит]]и.
 
== Настанок и развој ==
 
==Настанок и развој==
 
Инвестициското банкарство се развило во [[САД]]. Се смета дека првата инвестициска банка била фирма од [[Чикаго]], во сопственост на Херис и Форбс, основана во [[1880]] година.<ref>[http://escadron.blog.rs/blog/escadron/generalna/2009/11/30/investiciono-bankarstvo Escadron.blog]</ref> На почетокот, за обезбедување [[капитал]] се користеле услуги на агенти – поединци кои се обидувале да приберат [[пари]]чни средства на различни начини. Но, откако оваа пракса се покажала како недоволно ефикасна, на крајот на [[XIX век]] агентите биле заменети со трговци на [[акции]]. Во истиот период се формирале и многу банки кои делувале како посредници помеѓу инвеститорите и компаниите на кои им е потребен капитал. Така, во [[1901]] година, фирмата „[[JP Morgan]] & Co” организирала здружување на капиталот во кое се собрале 1,5 милијарди [[долар]]и со цел да се интегрираат големиот број на производители на [[челик]] во [[корпорација]]та „[[United Steel]] Corporation”.<ref>[http://escadron.blog.rs/blog/escadron/generalna/2009/11/30/investiciono-bankarstvo Escadron.blog]</ref>
 
Ред 10 ⟶ 8:
Сепак, последните децении на [[XX]] век се карактеризирале за голема експанзија на финансискиот сектор, со што разделувањето на комерцијалното и инвестициското банкарство повеќе немало смисла. Оттука, во САД, Законот за банки бил реформиран во [[1999]] година, кога била укината поделбата меѓу комерцијалното и инвестициското банкарство. Имено, тогаш бил донесен т.н. [[Грам-Линч-Билов закон]] со кој конечно бил укинат Глас-Стигаловиот закон. Како последица на тоа, денес, со инвестиционото банкарство се занимаваат сите големи комерцијални банки.
 
== Основни функции на инвестициските банки ==
Џон. Ф. Маршал смета дека наспроти големите промени во последните децении, денес инвестициското банкарство можеме да го дефинираме како ,,се„се она што го работат инвестициските банки”.<ref>[http://escadron.blog.rs/blog/escadron/generalna/2009/11/30/investiciono-bankarstvo Escadron.blog]</ref> Сепак, нивната главна активност е на примарниот пазар, каде што нивни клиенти се корпорациите и [[држава|државните]] институции кои сакаат да дојдат до капитал преку издавање [[обврзници]] и акции.
 
==Основни функции на инвестициските банки==
 
Џон. Ф. Маршал смета дека наспроти големите промени во последните децении, денес инвестициското банкарство можеме да го дефинираме како ,,се она што го работат инвестициските банки”.<ref>[http://escadron.blog.rs/blog/escadron/generalna/2009/11/30/investiciono-bankarstvo Escadron.blog]</ref> Сепак, нивната главна активност е на примарниот пазар, каде што нивни клиенти се корпорациите и [[држава|државните]] институции кои сакаат да дојдат до капитал преку издавање [[обврзници]] и акции.
Постојат четири основни функции на инвестициските банки, поврзани со примарниот пазар:<ref>Михаил Петковски, Финансиски пазари и институции, Скопје: Економски факултет, 2009, стр. 355.</ref> ''советодавна функција'', ''административна функција'', ''осигурителна функција'' и ''дистрибуција''.
# ''Советодавна функција'' – Една инвестициска банка најпрвин го советува и му помага на својот клиент (корпорација или државна институција), правејќи оценка за неговите потреби од финансиски средства. Таа му дава совети во поглед на условите на пазарот, го запознава со придобивките и [[трошоци]]те од различните можности на мобилизирање на средствата и посочувајќи ја најповолната инвестициска стратегија која ќе одговори на потребите на клиентот
Ред 23 ⟶ 20:
# ''Дистрибутивна функција'' – Пласманот на новоиздадените хартии од вредност во рацете на конечните инвеститори е главна цел на дистрибутивната функција. Ефикасниот пласман подразбира мрежа за дистрибуција на финансиските инструменти. Поголем дел од новите хартии од вредност инвестициските банки го продаваат на [[институционални инвеститори|институционалните инвеститори]] ([[пензиски фондови]], [[осигурителни друштва]] и [[инвестициски фондови]]), но сепак тие развиваат и посебни канали преку кои хартиите од вредност ги пласираат до индивидуалните инвеститори. Со помош на [[интернет]]от, индивидуалните инвеститори имаат можност преку online сервиси постојано да бидат во тек со можностите на инвестирање.
 
== Други активности на инвестициските банки ==
 
==Други активности на инвестициските банки==
 
Покрај активностите поврзани со издавањето на хартиите од вредност, инвестициските банки извршуваат и многу други активности, се со цел да се прилагодат на потребите и трендовите на постоечките и потенцијалните клиенти. Така, инвестициските банки се активни и на секундарниот пазар на капитал, каде се ангажираат во инвестицискиот [[менаџмент]] (investment management), околу спојувањата или преземањата, при тргувањето и продажбата на хартиите од вредност, околу истражувања за сопствени и потребите на своите клиенти и слично.
 
Ред 35 ⟶ 30:
 
''Спојување и преземање'' – Најголем број од клиентите ги контактираат инвестициските банки за да ги советуваат во областа на спојувањето и преземањето (mergers and acquisitions) други компании. Така, банката му помага на клиентот да го пронајде најдобриот партнер за спојување или пак погоден предмет за преземање. Инвестициската банка, исто така, во име на клиентот создава стратегија за преземање на целната фирма или пак одбранбени механизми за преземање во име на целната фирма.
 
 
==Извори==
<references/>
 
 
 
[[Категорија: Економија]]
[[Категорија: Финансии]]
[[Категорија: Банкарство]]
 
 
 
[[ar:بنك استثماري]]