Триесетгодишна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: arz:حرب التلاتين سنه
сНема опис на уредувањето
Ред 156:
Кралот на Данска, [[Кристијан IV Дански]] ([[1577]]-[[1648]]) бил [[Лутеранство|лутеран]], а како војвода на [[Холштајн]] бил потомок од [[Света Римска империја|Светата Римска империја]]. Тој ги помагал лутеранските влладетели во војната против Светата Римска империја, плашејќи се дека е можно данскиот суверенитет како протестантска нација да биде загрозен. Во текот на првата фаза од војната остварил и територијални придобивки во [[Северна Германија]]. [[Хамбург]] во [[1621]] година го признал суверенитетот на [[Данска]], а синот на Кристијан станал епископ на [[Бремен]].
Како владетел, [[Кристијан IV Дански]] се покажал доста упорен и способен. Данска како земја станала стабилна и богата земја. Данска го наплаќала преминот преку Оресунд[[Ересунд]], а добила и големи воени [[репарација|репарации]] од [[Шведска]]. Во тоа време единствено [[Баварија]] била единствената земја како Данска во [[Европа]] која била толку стабилна и богата. Данска својата подршка за влегување во војната ја добила од кардиналот [[Арман Жан ди Плеси де Ришелје]], кој заедно со Холандија и [[Англија]] обеќал дека финансиски ќе ја помага војната против [[Света Римска империја|Светата Римска империја]].
 
За да се одбрани од данската интервенција, императорот Фердинанд II го повикал војсководецот [[Албрехт Валенштајн]] за противдејство, бидејќи бил еден од многуте кои се збогатиле на сметка на протестантските имоти. [[Албрехт Валенштајн]] барал единствено тој да има контрола врз благајната на армијата, армијата да има слободно право да располага со пленот освоен преку војна а со тоа и слободно ограбување на заземаните територии. На таков начин тој многу бргу создал армија од 30.000 војници, а покасно оваа бројка достигнала до 100.000. Од друга страна данскиот крал немал никакви информации околу формирањето на оваа нова групација ниту пак имал среќа да создаде некаков сојуз.