Васил Куноски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување на статијата со наведување извор
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Васил Куноски''' ебил [[Македонци|македонски]] [[поет за деца]].
 
== Биографија ==
Куноски е роден во [[Дебар]] на {{роден на|20 |ноември|1916}} година. Починал во [[Скопје]] на {{починал на|13|јуни|1993}} година. Пред [[Втората светска војна]], завршил учителска школа во [[Шабац]], [[Србија]]. Работел како уредник во редакцијата на ''[[Детска радост]]'' при НИП ''[[Нова Македонија]]'', како и во ''[[Македонска книга]]''. Бил член на [[Друштвото на писателите на Македонија]] (ДПМ) од [[1949]] година. Добитник e на повеќе книжевни награди: ''Младо поколење'', ''13 Ноември'', ''11 Октомври'' (награда за животно дело во [[1972]]). Неговите дела се преведувани на српски, хрватски, словенечки, албански, турски и руски јазик.<ref>Васил Куноски, ''Песни'', Просветно дело, Редакција - Детска радост, Скопје, 2004, стр. 97. </ref>
 
== Творештво ==
 
Васил Куноски е автор е на поголем број книги: ''Волшебното ливче'' (поема, 1951), ''Гатанки и прашанки'', во коавторство со Ванчо Николески (1951), ''Белиот гостин'' (поема, 1952), ''Песни'' (1953), ''Каде е клучето'' (загатки, 1955), ''Вредна рака црта вака'' (сликовница во стихови, 1956), ''Ѓерданче'' (1956), ''Зајче безопавче'' (1957), ''Претпразнични вечери'' (1960), ''Страшно, пострашно и најстрашно'', (1963), ''Ха-ха-ха и две-три ах'' (1964), ''Светулки над треви'' (1964), ''Тошо, Снешка и 101 смешка'' (хумористични песни, 1970), ''Згоди и незгоди'' (1972), ''Избор'' (1973), ''Оро весело'' (поезија за предучилишна возраст, 1979), ''Избор'' (1980), ''Оро широко'' (поезија за предучилишна возраст, 1984), ''Птици над рудини'' (1985)и ''Избрани дела I-II'' (1987).
 
==Извори Наводи ==
<references/>