Битка кај Ватерло: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 35:
Во акцијата кај Лињи, стратегијата на Наполеон била да координира напад на Блихер, заедно со офанзива на Неј кај Катр-Бра. Резервите тогаш би можеле да заобиколат од исток или запад и да помогнат на двата фронта како што ќе диктираат околностите; ако сѐ оди како што треба, резервата конечно би марширала северозападно, да се придружи на Неј кај Катр-Бра и да напреднат кон [[Брисел]] за да ги разделат двете противнички војски.
 
Рано во попладнето на 16 јуни, Наполеон го слушнал звукот на артилеријата на Неј кај Катр-Бра. Тогаш повел војска од 71.000 во акција против 83.000-та војска на Блихер. По еден час од нерешавачко крвопроле-вање, Наполеон испратил ургентна порака до маршалот Неј, наредувајќи му да ја прати неговата Прва полковија, сила што се состоела од 30.000 луѓе, на фронтот кај Лињи. Курирот на Наполеон, наместо да ја испрати пораката во штабот на Неј, ја однел директно на генералот ¤ан Баптист[[Жан-Батист Дерлон]], командирот на Првата полковија. Дерлон веднаш заминал кон Лињи. Кога Неј подоцна разбрал за заминувањето на Дерлон, испратил порака со наредба да се вратат назад трупите во Катр-Бра. Пораката била примена кога Дерлон штотуку стигнал до фронтот на Лињи. Повторно Дерлон ги послушал наредбите, со тоа што тој и неговата војска не учествувале во ниту една од двете битки. Наполеон и покрај ова, успеал да го победи Блихер по крвопролевачка акција која траела три часа. При зајдисонце, Прусите се повлекле, оставајќи 12.000 војници мртви или повредени. Сепак, заради неуспехот на Дерлон да влезе во битката, поголемиот дел од војската на Блихер, околу 70.000 војници, успеале да се повлечат во добар ред.
 
Во меѓувреме, кај Катр-Бра, Неј чекал неколку часа да го почне својот напад на англо-холандските позиции, а ова оддолжување придонело Велингтон да го зацврсти Катр-Бра со неколку дивизии пешадија и коњаница. Неј конечно нападнал во 14 часот, но бил остро одбиен. Повторливите напади со голем број на војници врз англо-холандските позиции се покажале како неуспешни; за време на попладнето, Неј бил сериозно оштетен од отсуството на силите на Дерлон. Околу 19 часот, Њелингтон извршил противнапад и го принудил Неј да се полече назад до гратчето Фрасне, неколку километриц јужно од Катр-Бра. Неј изгубил 4.300 војници, а Велингтон 4.700. Дерлон, сепак успеал да му се приклучи на Неј кај Фрасне во 21 часот.