Народни носии од Мариово: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Мариовската народнаНародната носија од Мариово''' била распространета во триесетте села од областа [[Мариово]].
 
== Опис ==
=== Машка носија ===
[[Податотека:Mariovo traditional man's clothes.JPG|thumb|left|220px|Машка народна носија од Мариово]]
Во селата од изолираниот планински предел Мариово, машката носија, составена од бројни бели клашнени облеки, ги има сите карактеристики на изразито планинско - сточарска носија. Под кошулата од бело дебело домашно ткаено платно се носи аба, а врз неа џамадан од клашна. На нозете се носат бели клашнени ѕиври - ногавици од бела клашна кои се придржуваат за појасот со волнени врвци; бели ажурно плетени чорапи со подвески - тесни појасчиња за придржување на чорапите под колената и [[опинци]] од говедска кожа. Се опашуваат со волнен ткаен појас - кемер врз кој се носи ремен од кожа.
 
Ред 8 ⟶ 10:
 
Празничната носија и рувото на зетот се повеќе украсени. Во нивниот состав е забележливо бело прегаче со шар на прачки, како посебна ознака на ергенството. Бела сакма влегува во составот на специјалната руба венчаничка, а ф'стан - кусо, многу набрано здолниште, е детал од носијата на младоженците и младите мажи.
 
=== Женска носија ===
[[Податотека:Mariovska Nosija.jpg|thumb|right|220px|Женска народна носија од Мариово]]
Женската носија во пределот Мариово, по своето стилско и ликовно обликување, по складното единство на украсувањето, по изобилството на црвени волнени рески, како и низата извезени орнаменти со геометриски и стилизирани вегетабилни мотиви, се вбројува во најубавите, но и најтешките носии во Македонија и претставува врвен домен на народното творештво.