Традиција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: scn:Usanza
Ред 20:
 
== Традицијата и чувството на идентитет ==
[[Image:Galichnik-cheshma.jpg|мини|200п|Спроведување на невестата на чешмата [[Упија]] во [[Галичник]]]]
[[Податотека:Vodici-Bituse.jpg|right|thumb|Традиционална прослава на празникот [[Водици]] во [[Битуше]], [[Македонија]].]]
Некои фолклористи сметаат дека групите ги бираат традициите, одбирајќи настани и [[херој|херои]] од нивното културно минато кое го моделираат [[минато]]то за тоа да се вклопи во нивната сегашна концепција за самите нив. Одбирањето на традициите ги засилува вредностите и верувањата во моменталниот имиџ на групата. Откако еднаш ќе сфатиме дека постои процес на „селективна традиција“, начините на кои традицијата помага во создавањето или потврдување на групното чувство на идентитет стануваат многу појасни.
 
Ред 39:
Во повеќето ситуации неформалната природа на фолклорот не бара постоење на едно лице со специфична улога да изрази и пренесе одредена традиција. Кај адолесцентите, кога меѓу нив се раскажува некоја случка, не постои некаков „мајстор на раскажување“ кој ги подучува останатите на техниките на раскажување во текот на големиот одмор. Процесот се повторува во неформални контексти од страна на повеќе членови на групата, и тоа ја продолжува традицијата. Фолклорот се однесува на идентитетот на групите онака како што тој е дефиниран од групата, а не од поединецот внатре или вон неа; ние споделуваме традиции на многу начини, во многу различни контексти, преку целата мрежа на културата.
 
Особено значајна е виталноста на традицијата - традициите се однесувања кои ги практикуваме сега, а тие не поврзуваат со другите луѓе во групата, и можат исто така што не поврзат со друга култура, да ни овозможат чувство на етничност, или да ни помогнат да создадеме други врски. Традициите се оние неформално споделени однесувања, обичаи и вербални изрази кои циркулираат внатре и помеѓу групите. Ние ги споделуваме и ги продолжуваме бидејќи тие ни помагаат да им кажеме на другите членови на групата и на оние во другите групи кои сме ние и што е тоа што нам ни значи. Тоа е причината зошто ги пренесуваме традициите низ мрежата на заедницата.
 
== Дали традициите исчезнуваат? ==