Жан Мишел Баскија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с robot Dodaje: pl:Jean-Michel Basquiat
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
'''Жан-Мишел Баскија (Баскијат)''' или ''' Jean-Michel Basquiat''', роден на [[22 декември]] во [[Бруклин]] [[1960]], умрен на [[12 август]] [[1988]], е дете на [[Хаити|Хаиќанецот]] Жерар Баскија, и на бруклинската [[Порторико|Порториканка]] Матилд. Различен од сите графити артисти, тој изгрева на [[поп-арт]] сцената во [[САД]], во славното друштво на [[Енди Ворхол]].
 
Баскија (или Баскијат), почнува со испишување на кратки пароли и [[абревиатура|абревиатури]] со спреј, по [[Менхетн]]. Најчесто среќаван потпис му е SAMO (Same Old Shit), кој како [[контрапункт]] на американската мечта и идила, станува негов заштитен знак.
 
Неговите први дела, комбинација од [[графити]] и апстрактно сликање, се појавуваат за прв пат во галеријата [[Lower East Side]], тој е забележан од [[Хенри Гелдцалер]] (Henry Geldzahler), и брзо прераснува во силен симбол на поп-арт движењето, практикувајки необичен стил проследен со цела редица од херметички симболи, чиј клуч на решавање си бил познат само на авторот.