Американски англиски јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
==Стандарден Американски говор==
 
 
Ред 9:
 
 
==Фонологија==
 
Споредено со Англискиот кој се зборува во Англија, Северно Американскиот Англиски е повеќе еднороден. Некои посебни акценти може да се најдат на Источниот Брег (на пример во Њујорк), првенствено поради тоа што овие реони биле во контакт со Англија и го имитирале престижниот Британски Англиски во период кога тој јазик претрпувал промени. Во продолжение многу говорни општества на Источниот Брег постоеле во своите денешни граници многу подолго од другите.
Ред 15:
Најголемиот број на Северно Американските говори се rhotic, како што бил Англискиот на многу места во 17ти век. Ротичноста била поддржана од Hiberno-English, West Country English и Scottish English, како последица на тоа што многу региони во Англија во тој период користеле ротични акценти. Губењето на последната согласка r во Северна Америка е најзабележително во говорот на eastern New England, New York City и во околните реони на овие говори, како и во крајбрежјето на Југот и во African American Vernacular English. Во реонот на tidewater Virginia и источна New England, „r“ е не-ротично во акцентираните ( “bird”, “work”, “first”, “birthday” ) како и во неакцентираните слогови. Исто така оваа појава е во опаѓање кај помладата популација говорители. Испуштањето на согласката „r“ понекогаш се случува и во домородните ротични дијалекти доколку „r“ се наоѓа во неакцентирани слогови или зборови и следниот слог или збор почнува со согласка.
 
==Вокабулар==
 
Северна Америка произвела илјадници фрази и зборови за Англискиот лексикон. Неколку илјади такви денеска се користат во Англија како интернационализми; други пак, изумирале само неколку години по нивното креирање.
 
==Креацијата на Американски лексикон ==
 
Процесот на создавање нови зборови почнал со тоа што колонистите почнале да позајмуваат имиња за непознатата флора, фауна, топографија од Домородните Американски јазици. Примери на имиња како opossum, raccoon, squash и moose. Други позајмени зборови од домородците, како на пример wigwam или moccasin, обајснувале обични предмети кои биле во секојдневна употреба помеѓу домородците. Јазиците на другите колонијални нации исто така допринеле за Американскиот речник; како на пример зборовите cookie, cruller и stoop од Холандскиот; Leeve, portage, gopher од Францускиот; barbecue, rodeo, stevedore од Шпанскиот.
 
==Морфологија==
 
Американскиот Англиски отсекогаш покажувал тенденција кон употреба на именки во вид на глаголи. Примери од глаголски именки се: interview, advocate, vacuum, lobby, pressure, rear-end, transition, feature, profile, spearhead, skyrocket, showcase, service (во смисол на кола), corner, torch, factor (во математиката), author (збор , кој исчезнал во Англискиот околу 1630 година и бил оживеан во САД три века подоцна).
Ред 34:
 
 
==Англиски зборови кои преживеале во САД==
 
 
Ред 43:
 
 
==Разлики помеѓу Британски Англиски и Американски Англиски==
 
Американскиот Англиски и Британскиот Англиски се различни на поле на: фонологија, фонетика, вокабулар и помалку различни во граматика и пишување.