Катерина Арагонска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
}}
 
'''КатеринаКетрин Арагонскаод Арагон''' ([[шпански]]: ''Catalina de Aragón y Castilla'', [[16 декември]] [[1485]] – [[7 јануари]] [[1536]], се нарекувала и Катарина или Катерина) била [[принцеза на Велс]], како сопругата на Артур, принцот од Велс, и [[кралица на Англија]], како првата сопруга на кралот [[Хенри VIII од Англија]]. Шест месеци била и [[регент на Англија]], додека Хенри VIII бил во [[Франција]]. Во тој период, англичаните победиле во [[битка кај Флоден|битката кај Флоден]], настан во кој Кетрин имала важна улога. Контраверзната книга ,,''Образованието на христијанските жени''” од [[Хуан Луис Вивес]], во која се тврдело дека жените имаат право на образование, беше посветена и одобрена од Кетрин.
 
Желбата на Хенри VIII да го поништи својот 24 годишен брак, предизвикала низа настани кои довеле до одделување на Англија од [[Римокатоличка црква|Римската црква]]. Хенри бил незадоволен, бидејќи нивните синови не го преживеале детството, а имале и мртвороденчиња, со што [[Мери I од Англија]] станала единствената престолонаследничка. До тој период, жена никогаш не седнала на тронот, иако не постоел никаков закон против тоа. Кога папата Климент VII одбил да го поништи бракот, Хенри му се спротиставил со тоа што станал врховник на [[Црква на Англија|црквата во Англија]]. Со ова успеал да се ожени со [[Ана Болејн]] без одобрението од папата, надевајќи се дека така ќе успее да добие машки престолонаследник. Кетрин никогаш не го прифатила Хенри како врховник на црквата и се сметала себеси, како што мислел и остатокот од Англија и [[Европа]], како вистинската сопруга на кралот со до крајот на нејзиниот живот.