Специфична тежина
Специфична тежина (симбол: γ) — тежина на даден материјал по единица зафатнина. Затоа се нарекува уште и единична тежина или уделна тежина.
Чест пример е специфичната тежина на водата на Земјата при 5 °C, која изнесува 9,807 kN/м3. [1]
Општа формула
уредипри што
Промена на специфичната тежина
уредиЗа разлика од густината, специфичната тежина не е апсолутна. Таа е зависна од износот на гравитациското забрзување, кој се разликува од едно место до друго. Покрај ова, значајна улога има и и температурата на материјалот. Притисокот исто така може да влијае, зависно од модулот на збивливост на материјалот, но начелно земено, при умерен притисок има помалку значајно влијание од првите два чинитела.[2]
Примена
уредиХидромеханика
уредиВо хидромеханиката, е специфичната тежина на претставува силата со која дејствува тежатата (гравитацијата) врз единица зафатнина на течност. Поради ова, единиците се изразуваат како сила по единица зафатнина (на пр. N/м3 или lb/ft3). Специфичната тежина може да се користи како карактеристично својство на течноста.[2]
Механика на почвата
уредиСпецифичната тежина се користи како својство на почвата, кое честопати има улога при справувањето со проблемите при ископување.
Кај механиката на почвата, специфичната тежина може да се однесува на:
- Влажна единична тежина — единичната тежина на почвата кога празните простори во неа содржат и воздух и вода.
при што
- is влажната единична тежина на материјалот
- is единичната тежина на водата
- w е влажноста на материјалот
- Gs е специфичната тежа на цврстото тело
- e соодносот на празнините (порозност)
- Сува единична тежина — единичната тежина на почвата кога празните простори во неа содржат исклучиво воздух.
Формулата за сува единична тежина гласи:
при што
- is влажната единична тежина на материјалот
- is сувата единична тежина на материјалот
- is единичната тежина на водата
- w е влажноста на материјалот
- Gs е специфичната тежа на цврстото тело
- e е соодносот на празнините
Типичните вредности за сувата единична тежина на почвата може да се најдат во бази на податоци како оваа Архивирано на 26 септември 2014 г..
- Заситена единична тежина — единичната тежина на почвата кога празните простори во неа содржат исклучиво вода.
Формулата за заситена единична тежина гласи:
при што
- is заситената единична тежина на материјалот
- is единичната тежина на водата
- w е влажноста на материјалот
- Gs е специфичната тежа на цврстото тело
- e е соодносот на празнините[3]
- Потопена единична тежина — разликата помеѓу заситената единична тежина и единичната тежина на водата.[4] Често се користи за пресметување на делотворното напрегање на почвата.
Формулата за потопена единична тежина гласи:
при што
- е потопената единична тежина на материјалот
- е заситената единична тежина на материјалот
- е единичната тежина на водата
Специфична тежина на водата
уредиТемпература (°C) | Специфична тежина (kN/м3) |
---|---|
0 | 9,805 |
5 | 9,807 |
10 | 9,804 |
15 | 9,798 |
20 | 9,789 |
25 | 9,777 |
30 | 9,765 |
40 | 9,731 |
50 | 9,690 |
60 | 9,642 |
70 | 9,589 |
80 | 9,530 |
90 | 9,467 |
100 | 9,399 |
Специфична тежина на водата при стандарден атмосферски притисок [2] |
Специфична тежина на воздухот
уредиТемпература (°C) | Специфична тежина (N/м3) | |
---|---|---|
−40 | 14,86 | |
−20 | 13,86 | |
0 | 12,68 | |
10 | 12,24 | |
20 | 11,82 | |
30 | 11,43 | |
40 | 11,06 | |
60 | 10,4 | |
80 | 9,81 | |
100 | 9,28 | |
200 | 7,33 | |
Специфична тежина на воздухот при стандарден атмосферски притисок[2] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ National Council of Examiners for Engineering and Surveying (2005). Fundamentals of Engineering Supplied-Reference Handbook (7th ed.). Clemson: National Council of Examiners for Engineering and Surveying. ISBN 1-932613-00-5
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Finnemore, J. E. (2002). Fluid Mechanics with Engineering Applications. New York: McGraw-Hill. ISBN 0-07-243202-0.
- ↑ Das, Braja M. (2007). Principles of Geotechnical Engineering. Canada: Chris Carson. ISBN 0-495-07316-4.
- ↑ The Transtec Group, Inc. (2012). Basic Definitions and Terminology of Soils. http://www.intelligentcompaction.com/downloads/IC_RelatedDocs/SoilCmpct_Basic%20definitions%20of%20Soils.pdf
Надворешни врски
уреди- Систем на мерење на густината кај разни материјали (англиски)
- За специфичната тежина на агрегатите во градежништвото Архивирано на 6 март 2016 г. — Градежен факултет-Скопје (македонски)