Спектар (списание)

Спектар е меѓународно списание на Институтот за македонска литература во Скопје.[1]

Историјат уреди

Првиот број на списанието излегол во 1983 година. Списанието излегува двапати годишно. Главни уредници на списанието биле: Гане Тодоровски, Георги Сталев, Вера Стојчевска-Антиќ, Ѓорѓи Поп-Атанасов, Душко Наневски, Саво Цветановски и други.[2] Списанието од 2010 година го уредува меѓународна редакција. До 2018 година од Спектар излегле вкупно 72 броја. Неговиот профил е познат и достапен во сите славистички центри, научни и универзитетски установи и големи библиотеки.

Рубриките во списанието се: Литературна историја, Современа македонска книжевност, Литературни врски-репринт од светот, Теорија/Поетика, Мит-Фолклор и Прикази.

Наводи уреди

  1. „Спектар“. Институт за македонска книжевност. Архивирано од изворникот на 2018-11-20. Посетено на 2 ноември 2018.
  2. „COBISS/OPAC“. www.vbm.mk. Посетено на 2018-11-02.[мртва врска]