Спастична хемиплегија
Спастична хемиплегија — невромускуларна спастична состојба кај која мускулите на едната страна на телото се во постојана контракција. Таа е „едностраната“ верзија на спастична диплегија. Таа спаѓа во групата оштетување на подвижноста на церебрална парализа. Околу 20-30% од луѓето со церебрална парализа имаат спастична хемиплегија.[1] Поради повреда на мозокот или нервите, мозокот постојано испраќа акциони потенцијали во невромускулните јункции на другата страна од телото. Слично како и за мозочен удар, оштетување на левата страна на мозокот влијае на десната страна на телото и обратно, оштетување на десната страна на мозокот влијае на левата страна на телото. Зафатената страна на телото е ригидна, слаба и има слаби функционални способности.[2] Во повеќето случаи, рацете се многу повеќе погодени од нозете. Ова може да се должи на користење на рацете почесто за време на раниот развој. Ако двете раце се погодени, состојбата се нарекува двојна хемиплегија. Некои пациенти со спастична хемиплегија страдаат само од помали оштетувања, додека во тешки случаи едната страна на телото може да биде целосно парализирана. Сериозноста на спастичната хемиплегија е во зависност од степенот оштетување на мозокот и нервите.
Спастична хемиплегија | |
---|---|
Спастична дланка | |
Специјалност | Неврологија |
Причинители
уредиПостојат многу различни мозочни дисфункции што може да се сметаат за причина за спастична хемиплегија. Спастичната хемиплегија се случува или за време на раѓањето или во матката. Причината може да бидат сите видови на мозочни удари, повреди на главата, наследни болести, мозочни повреди и инфекции.[3] Малформации на вените или артериите во било кој дел од телото може да доведат до спастична хемиплегија. Средната церебрална артерија е најчесто погодена артерија. Неродено и новородените бебиња се подложни на мозочни удари. Леукодистрофиите се група од наследни болести кои можат да предизвикаат спастична хемиплегија. Мозочни инфекции како менингитис, мултипла склероза, енцефалитис може да предизвикаат спластична хемиплегија.[4] Спазмите се случуваат кога аферентните патишта во мозокот се компромитирани и комуникацијата помеѓу мозокот и моторните влакна е изгубена. Кога инхибиторните сигнали кои служат за деактивирање на рефлексот се изгубени, мускулите останува во постојана контракција. Со спастична хемиплегија, еден рака и еден нога се зафатени, па за тоа и цервикалните, лумбалните и сакралните сегменти на ’рбетниот столб може да бидат зафатени.
Дијагноза
уредиДоенчиња со спастична хемиплегија може да претпочитаат една рака порано отколку што е нормално.[5]
Терапија
уредиНема познат лек за церебрална парализа, но постои голем спектар на третмани кои се покажа ефективни во подобрувањето на квалитетот на животот и ослободување од некои од симптомите поврзани со церебрална парализа, особено со спастичната хемиплегична церебрална парализа. Некои од третманите се во насока на подобрување на подвижноста, зајакнување на мускулите и подобрување на координацијата. Иако церебралната парализа е поради трајно оштетување и не е прогресивна, без третман, симптомите можат да се влошат, при што доаѓа до зголемување на интензитетот на болката и тежина на болеста, како и создавање на компликации кои не биле првично присутни. Некои од третманите кои се превентивни мерки за да помогне да се спречат понатамошни компликации, како што е целосна парализа на раката поради некористење и последователно влошување хипертонија и контрактура на зголобовите. Други форми на терапија се корективни. Многу третмани целат кон симптоми кои се индиректно поврзани или се предизвикани од спастичната хемиплегична церебрална парализа. Многу од овие третмани се исти и за другите форми на церебрална парализа.[6] Терапијата е индивидуализирана врз основа на секој поединечен случај и специфичните потреби на пациентот. Терапијата е често во комбинација со други форми на терапија и се создава долгорочен план за третман и континуирано се оценува. Терапијата може да го вклучува следново:
- Физикална терапија – Физикалната терапија е најчеста форма на терапија. Таа може да вклучува сетилна стимулација, истегнување, зајакнување и позиционирање.
- Окупациона терапија – Окупационата терапија ги третира пациентите преку избрани активности, со цел да им овозможи на луѓето да функционираат делотворно и независно, колку што е можно во секојдневниот живот. Окупационата терапија е насочена кон поединецот за да се постигнат оптимални резултати и перформанси, додека учат да се справат со попреченоста.
- Говорна терапија – Поради тешкотии во говорот, говорната терапија често е потребна. Настрана од помагање со разбирање јазик и зголемување на комуникациски вештини, говорните терапевти, исто така може да им помогне на децата кои имаат потешкотии со јадење и пиење.
- Бихејвиорална терапија — Психотерапија и советување во голема мера се користи во третман на лица со спастична хемиплегична церебрална парализа, со цел да им помогне да се справат емотивно со нивните потреби и фрустрации. Психотерапијата станува уште поважна кога повеќе сериозни проблеми, како што е депресија, стануваат попроблематични.
- Хирургија – Иако хирургијата е потребна во некои случаи, физикалната терапија и редовното користење на протези може да помогнат во ублажување на потребата за операција. Хируршки процедури се болни со долги и тешки опоравувања и не ја излекуваат болеста. Најчесто хируршки се издолжуваат мускулите. Овој тип на операција обично се изведува на нозете, но може да се изврши и на грбот. Операции, исто така, може да биде потребни за да се наместат зглобовите.
- Лекови – Лековите кои се насочени кон симптоми поврзани со спазмите, се релативно нов третман и се сè уште во рана фаза на развој. Лековите како што се баклофен, бензодијазепини (на пример, дијазепам), тијазидин, а понекогаш и дантролен покажаа ветувачки резултати во обид да се намали спазмите.[7] Ботулинум токсинот ("Ботокс") може да ги намали спазмите за неколку месеци и често се смета за корисен третман за деца со спастична хемиплегична церебрална парализа, како и за други форми на церебрална парализа. Ботокс се покажа особено корисен за намалување на спазмите во гастрикнемиус мускулот (листот). Оваа терапија може да го подобри опсегот на движење, намалување на деформитет, подобрување на одговор на професионална и физикална терапија и да се одложи потребата за операција.
Компликации
уредиСпазмите на мускулите може да предизвикаат нарушување во одењето. Констрантните спазми може да доведат до нарушување на мускулите и тетивите, што дополнително ја нарушува подвижноста на пациентот. Пациентите се со зголемен ризик остеопороза[8] и епилептични напади.[9] Оромоторната дисфункција им го зголемува ризикот од аспирациона пневмонија. Голем дел од пациентите имаат намалена сензација на рацете и нозете, на зафатената страна.
Епидемиологија
уредиИнциденцата на церебрална парализа е 2.1 на 1000 родени.[10] 20–30% од нив им припаѓаат на спастичната хемиплегија. Преваленцата на церебрална парализа е повисока во места со низок социоекономски статус. Причина за ова може да биде зголемување на инциденцата на церебрална парализа при намалување на тежината при раѓање.[11]
Наводи
уреди- ↑ Cerebral palsy — eMedicine (англиски)
- ↑ Brashear, Allison (2010). Spasticity: Diagnosis and Management. New York: Demos Medical.
- ↑ „Muscle hypoextensibility in children with cerebral palsy: I. Clinical and experimental observations“. Arch Phys Med Rehabil. 63 (3): 97–102. March 1982. PMID 7073456.
„Muscle hypoextensibility in children with cerebral palsy: II. Therapeutic implications“. Arch Phys Med Rehabil. 63 (3): 103–7. March 1982. PMID 7073451. - ↑ „Cerebral palsy“. Phys Med Rehabil Clin N Am. 18 (4): 859–82, vii. November 2007. doi:10.1016/j.pmr.2007.07.005. PMID 17967366.
- ↑ „Facts About Cerebral Palsy - United Cerebral Palsy of the Golden Gate - UCPGG“. Посетено на 28 February 2017.
- ↑ Miller, Freeman; Steven J. Bachrach, уред. (2006). Cerebral Palsy: The Complete Guide for Caregiving 2nd Edition. Baltimore: Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-8354-7.
- ↑ „Efficacy of constraint-induced movement therapy for children with cerebral palsy with asymmetric motor impairment“. Pediatrics. 113 (2): 305–12. February 2004. doi:10.1542/peds.113.2.305. PMID 14754942.
- ↑ Cerebral Palsy~clinical — eMedicine (англиски)
- ↑ „Impaired afferent control in patients with spastic hemiplegia at different recovery stages: contribution to gait disorder“. Arch Phys Med Rehabil. 75 (3): 312–7. March 1994. doi:10.1016/0003-9993(94)90035-3. PMID 8129585.
- ↑ https://www.cdc.gov/ncbddd/cp/data.html
- ↑ „The epidemiology of cerebral palsy: incidence, impairments and risk factors“. Disabil Rehabil. 28 (4): 183–91. February 2006. doi:10.1080/09638280500158422. PMID 16467053.