Спасија Ангелоска

Спасија Ангелоска ( 1921 во Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Од 1938 година учествувала во штрајкувачкото движење во Прилеп и била член на напредното културно-уметничко друштво „Абрашевиќ”. Од 1941 година учествувала во народноослободителното движење и од јуни истата година била член на КПЈ. Поради покажаната активност станала сомнителна на бугарската полиција, затоа од 1943 година нејзиниот дом бил под постојано набљудување на окупаторот.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 975.