Спасе Стефановски
Спасе Стефановски ( 1924 во Скопје — 1945 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо Треттата македонска ударна бригада стапил во септември 1944 година. Со неа учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Кога воените единици добиле заслужен одмор, бил префрлен во КНОЈ. Овие единици го обезбедувале мирниот живот на населението, уништувајќи ги уфрлените терористички банди. Во борбите против овие платенички групи, прикажал извонредна храброст. Загина во несреќен случај, во јуни 1945 година.[1]