Соња Гаврилова (1962) е македонска писателка која работи како психолог во ПОУ Маца Овчарова во Велес.

Соња Гаврилова писател
Соња Гаврилова

Биографија

уреди

Соња Гаврилова е родена на 2 февруари 1962 година во Велес Р Македонија. Во 1985 година дипломира  на Филозофскиот факултет - Скопје на групата психологија. Од 1986 година до денес работи во посебното основно училиште со ученички дом „Маца Овчарова“ во Велес.

Творештво

уреди

„Детските солзи кога течат“ е нејзина прва книга, издадена во 2011 година. Во  2012 година издадена е англиската верзија на истата книга – „When children shed tears“. Својата прва збирка поезија „Надеж“ [1] ја издава во 2016 година и за истата добива признание –   Специјална награда за поезија за деца од Здружението за наука и култура „НОВА“ - Битола. Учествува како одговорен уредник на сите изданија на Зборникот на поезија „Велешки поетски пулсирања 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година“. Во 2021 година ја издава стихозбирката "Спокој во немир" .

Со свои песни е застапена во книгите: Алманахот на ХЕРА (2015 година); „Песни за учителот“(2016 година); списанието „Велес“ (2017, 2018, 2019,2020 година); „Метрички карван Гевгелија - Велес“ (2016 година); во книгата „Мостови на пријателство“ (2019 година);Заветни поуки“(книжевни критики и есеи, 2019 година) на Васил Тоциновски; во Збирката на поетски творби на првиот и вториот Фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2018 и 2019 година“; во Зборникот на Online поетската манифестација „Ванчо Николески 2020 година“ на Македонското литературно друштво „Ванчо Николески“ од Канбера, Австралија и др.

Член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес и Poetry Slam Macedonia. Учествува на литературни читања  во рациновите поетски каравани.

Користена литература

уреди

Наводи

уреди
  1. „Фондација Македоника“. www.makedonika.mk. Посетено на 2021-10-23.