Сојузно Министерство за внатрешни работи (Германија)

Сојузното Министерство за внатрешни работи — едно од министерствата на Германија.

Сојузно Министерство за внатрешни работи (Германија)
Новата зграда на Сојузното Министерство за внатрешни работи во Берлин на 24 август 2013 година.
Податоци за органот
Надлежност Германија

Активност

уреди

Министерството за внатрешни работи во Германија е одговорно за спроведување на внатрешната безбедност и заштита на уставниот поредок, заштита на цивилите од катастрофи и тероризам, административни работи, спорт, градежништво и прашања кои се однесуваат за заедницата. Министерството издава пасоши, лични карти, дозволи за поседување огнено оружје, дозволи за складирање експлозиви итн.

Во 2004 година, Министерството создало и антитерористички центар кој обезбедува размена на информации и аналитички форум за сите германски полицајци и разузнавачки агенции вклучени во борбата против тероризмот.

Организација вработени

уреди

Министерството е предводено од министер, како и двајца парламентарни државни секретари - членови на владата со статус на заменик министер, зависни од промените во владата и двајца кариерни државни секретари, кои се државни службеници и се независни од владата.

Еден кариерен државен секретар раководи со одделенијата П, Б, ИС и М, како и со мрежата за управување со кризи и оперативната група за контраразузнавање, додека друг раководи со одделите З, Г, Д, О, СП и В, како и со Дирекцијата за информатичка технологија, заштита на податоци и слобода на информации.

Одделенија

уреди
  • „П“ е полициското одделение на министерството, има две гранки: агенции за спроведување на законот и единици за борба против тероризмот.
  • „ИС“ е оддел за внатрешна безбедност чија функција е да ја заштити германската држава од политички екстремизам.
  • „Б“ ја контролира и раководи германската Федерална полиција.
  • „М“ е одговорна за имиграцијата, интеграцијата на бегалците и европското усогласување.
  • „З“ е централната канцеларија.
  • „Г“ е одговорен за политиката во однос на Европа и меѓународните настани.
  • „Д“ е надлежен за државната служба.
  • „О“ е одговорен за административната модернизација на организацијата.
  • „СП“ е одговорен за спортот.
  • „В“ е одговорен за уставното, државното, управното и европското право.

Надворешни врски

уреди