Социјална фобија - анксиозно нарушување што се манифестира како непријатност од присуство на други луѓе, било да се поединци или група луѓе.

Социјална фобија
СпецијалностПсихијатрија Уреди на Википодатоците

Манифестирање

уреди

Социјалната фобија е еден од најчестите типови анксиозност. Притоа, поединецот чувствува страв од можноста да се биде посрамотен или понижен во ситуации каде е изложен на погледите на други луѓе. Овој страв е поголем од вообичаената трема која се јавува кај повеќето луѓе при јавни настапи. Кај социјалната фобија, стравот се изразува како: страв од поцрвенување, страв дека некој нè набљудува додека работиме, страв од започнување разговор, страв од учество во мали групи, страв од разговор со некој авторитет, страв од љубовни состаноци, страв од одење на забави, страв од потпишување документи итн.
Кај социјалната фобија се присутни два вида негативни мисли: дека ќе погрешиме и дека другите ќе го видат тоа. Исто така, луѓето кои страдаат од социјална фобија премногу се оптоварени со мислењето на другите. Социјалната фобија се развива уште во раната адолесценција. Професионалната помош опфаќа постојана когнитивно-бихејвиорална терапија, со помош на следниве техники: релаксација, излагање и бихејвиорални експерименти. Исто така, терапијата може да вклучи и обука на социјални вештини и асертивност.[1]

Наводи

уреди
  1. Тина Темелковска, „Има чаре за социјалната фобија“, Здравје, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 19.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори