Софиеро (палата)

(Пренасочено од Софиеро палата)

Софиеро палата или само Софиеро во општината Хелсингборг, Сканија била една од вилите на шведското кралско семејство, сместена на 5 километри северно од Хелсингборг. Таа била првично сканска фарма наречена Скабелике, купена во 1864 година од шведскиот принц Оскар и неговата сопруга Софија од Насау.[1] Првата еднокатна палата била завршена во 1865 година. Таа била проширена до сегашната големина помеѓу 1874 и 1876 година, откако принцот Оскар бил крунисан за крал на Шведска и Норвешка, Оскар Втори.

Хелсинборг, Шведска, замокот Софиеро
Палата Софиеро, Хелсинборг, Шведска
Градина на палатата Софиеро

Историја

уреди

Во 1905 година, внукот на Оскар Втори, принцот Густаф Адолф, идниот крал Густаф VI Адолф и неговата сопруга, принцезата Маргарет ја добиле палатата како подарок за венчавката. Тие ја реновирале палатата и ја започнале големата градина Рододендрон по која дворецот е познат и денес. Принцот Густаф Адолф станал цар во 1950 година и до 1973 година Софиеро бил негов и на неговата втора сопруга Луис Маунтбатен како официјална летна резиденција. Наводно, тоа било омиленото место на кралот и по неговата смрт, која се случила во Хелсинборг, тој го оставил Софиеро на градот Хелсингборг, за да може пошироката јавност да ужива во него исто како и тој.

Денес

уреди

Автобуска врска поминува неколку пати во еден час за време на прометните часови од Хелсингборг. Главна атракција денес се многу големите градини со широк спектар на локален (и друг) растителен свет, кои се протегаат до брегот на Ересунд. Рододендроните се особено значајни, составени се од речиси 500 различни сорти.[2] Во паркот има и мала колекција модерна уметност.

Во текот на летото, големите тревни површини понекогаш се користат за големи концерти на отворено со национални и меѓународни sвезди како Боб Дилан, Брајан Адамс, Џејмс Браун и Нора Џонс.

Самата поранешна кралска палата денес се користи како ресторан, кафе, а понекогаш и како галерија.

Марка на пиво во сопственост на пиварницата Копарберг е именувана како „Софиеро“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Helsingborgs stad. Sofieros historia Архивирано на 14 октомври 2007 г.. Sofieros slott och slottsträdgård. 9 February 2007. Retrieved 30 August 2007.
  2. Helsingborgs stad. Sofieros Rhododendron Архивирано на 14 октомври 2007 г.. Sofieros slott och slottsträdgård. 18 April 2007. In Swedish. Retrieved 30 August 2007.

Надворешни врски

уреди