Сотир Ѓорѓиевски-Сотката
Сотир Ѓорѓиевски-Сотката (Битола, 20 мај 1921 - Битола, 15 мај 1944)[1] — шивач од Битола противник на окупацијата, затворен од 1941 година.
Сотир Ѓорѓиевски-Сотката | ||
Роден | 20 мај 1921 Битола, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 15 мај 1944 Битола, Царство Бугарија | (возр. 22)|
Народност | Македонец |
Животопис
уредиСотир Ѓорѓиевски е роден во Битола на 20 мај 1921 година. По завршувањето на основното училиште го учел шивачкиот занает. Идењето на окупаторот во 1941 година исконски не го прифатил. Уште во 1941 година фашистичките сили го заробиле и го осудиле на смрт со бесење. Меѓутоа поради разни околности бесењето било извршено дури на 15 мај 1944 година.[1]
Спомен-плоча со неговото име стои на ѕидот со спомен-плочи во Споменикот на политичките затвореници во Битола.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-11. Посетено на 9 август 2023.