Сообраќајот во Естонија
Република Естонија се наоѓа на крајниот исток од Европската Унија, поради што сообраќајот на земјата се потпира на врските со Унијата од западната страна и со земјите на исток од неа и тоа најмногу со Русија. Сето ова придонесува за развојот на патниот сообраќај во земјата, посебно на морскиот сообраќај, благодарение на долгото балтичко крајбрежје на Естонија.
Естонија има добро развиен патен, железнички, воздушен и воден сообраќај.[1] Главниот транспортен јазол во земјата е главниот град Талин.
Железнички сообраќај
уредиГлавното железничко претпријатие во Естонија е Естонски железници, кое е во сопственост на државата.
Вкупната должина на железничката мрежа во Естонија изнесува околу 1200 км, од кои 133 км се електрифицирани.[2] Поголемиот дел од железничките пруги во Естонија, како и во сите други републики од поранешниот Советски Сојуз, имаат поширок колосек (1524 mm) од стандарната ширина која изнесува 1435 mm.[2] Ова се однесува посебено на најважните делови од железничките пруги во Естонија, кои започнуваат во Талин, и одат кон следните насоки:
- кон исток - Нарва, Русија (Санкт Петербург)
- кон југоисток - Тарту, Русија (Псков)
- кон југ - Вилјанди, Латвија (Рига)
- кон југозапад - Хапсалу, Перну
Главниот град Талин има трамвајски сообраќај, и сообраќај со градска надземна железница.
Железничка врска со соседните земји:
Во поново време се прават планови за изградба на подводна железничка врска под Финскиот Залив, помеѓу Естонија и Финска, слично на тунелот Ламанш, со тоа што овој тунел би требало да биде подолг. Поради потреба од многу високи вложувања плановите се одложени за во иднина.
Патен сообраќај
уредиВкупната должина на патиштата во Естонија изнесува 57.565 км, од кои поплочени се 12.926 км. Вистински автопат не постои, но современи сообраќајници со четири ленти постојат на приодот кон главниот град Талин, во должина од 75 км. Сепак изградбата на современи сообраќајници е интензивна, особено кон земјите на Европската Унија. Најважниот патен правец во земјата е Балтичкиот пат, кој всушност е Европскиот коридор E67.
Најважните патишта во Естонија се:
Воден сообраќај
уредиЕстонија е приморска земја, и има долго крајбрежје на Балтичко Море. Во Естонија постојат неколку важни морски пристаништа, од кои најважно е во главниот град Талин.[3] Другите важни пристаништа се Перну, Палдиски и Хапсалу. Трговската морнарица е значајна по својот обем. Во државата постојат и големи поморски компанија, како на пример Талинка.
Пловни патишта во внатрешноста на Естонија се транспортите по езерата и пловните делови од реките. Нивното значење е помало, бидејќи реките се помали и доста плитки, а во текот на зимскиот период најчесто се замрзнати. Најголемото езеро Пејпус се наоѓа на граница со Русија.
Гасоводи и нафтоводи
уредиДолжината на гасоводите е 859 км (2007 година).
Воздушен сообраќај
уредиВо Естонија има неколку авиокомпании, од кои е најпозна Естонијан Ер. Во државата постојат 5 официјални аеродроми со поплочана подлога и сите се со IATA код (IATA Airport Code). Постојат три аеродроми на островите, кои се важни главни врски на островите со копнениот дел на Естонија. Меѓународно значење имаат два аеродроми:
- Аеродромот Улемисте во Талин - TLL
- Аеродромот Уленурме во Tарту - ТАУ
Најголемиот и најзначаен аеродром во земјата е аеродромот Улемисте во Талин, кој е на само 4 км од центарот на градот.
Наводи
уреди- ↑ „Europe :: Estonia — The World Factbook - Central Intelligence Agency“. www.cia.gov. Архивирано од изворникот на 2009-04-12. Посетено на 2019-04-16.
- ↑ 2,0 2,1 „Avaleht | Tarbijakaitse ja Tehnilise Järelevalve Amet“. www.ttja.ee (естонски). Архивирано од изворникот на 2020-09-20. Посетено на 2019-04-16.
- ↑ курс, The Baltic Course-Балтийский. „Estonia plans to bring more ships under Estonian flag“. The Baltic Course | Baltic States news & analytics. Посетено на 2019-04-16.