Сон на смешниот човек
„Сонот на смешниот човек“ (руски: Сон смешного человека) – расказ од Фјодор Михајлович Достоевски првпат објавен во 1877 година.
Автор | Фјодор Достоевски |
---|---|
Изворен наслов | Сон смешного человека |
Земја | Русија |
Јазик | руски |
Жанр | расказ |
Издавач | Гражданин |
Издадена | 1877 |
Содржина
уредиСон на смешниот човек раскажува за очаен човек кому луѓето отсекогаш му се потсмевале. И тој самиот знаел дека е смешен и не им се лутел на луѓето, а постепено сè му станало сеедно. Огорчен од животот, тој купил револвер и одлучил да изврши самоубиство. Конечно, една ноќ, на 3 ноември, на патот кон неговиот дом, тој одлучил дека тогаш ќе се убие. Притоа, застанал на улицата, набљудувајќи една ѕвезда. Тогаш му пришло мало девојче чија мајка била во некаква опасност, молејќи го да ѝ помогне, но тој го оттурнал и заминал дома. Таму, почнал интензивно да размислува за својата постапка и, уморен, заспал на фотељата.
Во сонот, тој извршил самоубиство, а потоа го закопале, но тој сè уште бил свесен. Тогаш, му пристапило непознато битие, кое го зело со себе на патување низ вселената и најпосле го оставило на една планета која била потполно иста како Земјата. Таму живееле невини и среќни луѓе, кои биле сплотени со природата и негувале бескрајна љубов кон секого. Меѓутоа, со своето присуство, тој ги расипал и постепено на планетата се појавиле: лаги, страсти, љубомора, омраза, кавги, поделби, разни јазици, наука, религија, ропство и борби. Кај него се појавила тага за судбината на луѓето и започнал да проповеда за враќање кон првобитната состојба, но тие му се заканиле дека ќе го затворат во лудница. Тогаш, тој се разбудил убеден дека конечно ја спознал Вистината, го оттурнал револверот и одлучил дека сака да живее. Потоа, тој почнал да им раскажува на луѓето за своето доживување и да проповеда дека љубовта меѓу луѓето е патот до среќата, но луѓето му се смееле, убедувајќи го дека само сонувал. На крајот на расказот, тој го пронашол девојчето и дека ќе отиде да му помогне.[1]
Надворешни врски
уреди- (руски) „Сонот на смешниот човек“ на руски јазик
- Фјодор Достоевски, „Сонот на смешниот човек“ Архивирано на 27 април 2017 г.
Наводи
уреди- ↑ „Сан смешног човека“ во: Ф. М. Достојевски, Новеле. Београд: Народна просвета, 1933, стр. 231-264.