Совршен број (филм)
„Совршен број“ (полски: Liczba doskonała) — полско-израелско-италијански филм од 2022 година во режија на Кшиштоф Зануси (Krzysztof Zanussi), кој е и автор на сценариото. Улогите ги играат: Анджеј Северин (Andrzej Seweryn), Јан Марчевски (Jan Marczewski) и Јулија Латосинска (Julia Latosińska).[1]
Синопсис
уредиМладиот математичар Давид (го игра Марчевски) го жртвува својот личен живот посветувајќи се на проучувањето на простите броеви. Кога го запознава својот подалечен роднина Јоаким (го игра Сверин), Давид почнува да се преиспитува. Јоаким е успешен човек кој постигнал многу на деловен план, па одлучил последните години од животот да ги проведе во родната Полска. Нивната средба влијае врз двајцата и ги поттикнув на размислување за непредвидливоста, минливоста и смислата на животот...