Собата на Андрија Анѓал

„Собата на Андрија Анѓал“ (српски: Соба Андрије Анђала) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина уреди

Авторот раскажува за својата преписка со д-р Андрија Анѓал, унгарски историчар на книжевноста, специјалист за книжевноста од 17 и 18 век. Иако се допишуваат подолго време, тие никогаш не се сретнале, но еден ден, д-р Анѓал го посетува раскажувачот во неговиот дом во Белград. Притоа, тој не верува дека авторот е човекот со кој се допишува, сметајќи дека е премногу млад. Додека седат во собата, д-р Анѓал цело време погледнува кон една врата. Потоа, тој си оди, а двајцата се среќаваат повторно за време на еден симпозиум во Унгарија. По некое време, д-р Анѓал умира, а раскажувачот се сеќава на едно свое патување во детството, кога возот застанал на некоја мала железничка станица, а од него излегол само еден човек. Подоцна, раскажувачот добива работа во Нови Сад и често патува, а во една прилика се повторува сцената од неговото детство: тој излегува во возот на некоја мала железничка станица и забележува како го гледа едно дете. Годините минуваат, а раскажувачот запаќа во осаменост и тогаш, тој се сеќава на д-р Анѓал и понекогаш погледнува во вратата во која во минатото гледал Анѓал.[1]

Наводи уреди

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 99-104.