Смртна казна во Босна и Херцеговина

Смртната казна во Босна и Херцеговина е забранета. Била укината де факто за сите злосторства во ноември 1998 година во Федерацијата Босна и Херцеговина (последната егзекуција се сметала дека била извршена таму во 1977 година за убиство -- во тоа време Социјалистичка Република Босна и Херцеговина сè уште била една од конститутивните републики на Југославија) и на 21 јуни 2000 во Република Српска. Сепак, дури на 4 октомври 2019 смртната казна била целосно избришана од Уставот на Република Српска. Дотогаш, таа била одобрна според член 11 од Уставот на Република Српска.[1]

Босна и Херцеговина е членка на аболиционистичките меѓународни инструменти, вклучувајќи го Протоколот на Советот на Европа бр.6 и Протоколот бр.13.

Егзекуции од 1959 година

уреди

Извор: SPSK База на податоци

Погубено лице Пол Датум на

пресуда

Датум на

извршување

Место на извршување Дело Метод
Мијо Радош Машки 1960 1960 Добој Воени злосторства Стрелачки вод
Иван Томиќ Машки 1961 1961 Тузла
Самид Истиќ Машки 1962 1962 Брчко Убиство на полицаец
Суљо Хрниќ Машки 1963 1963 Травник Двојно убиство
Милојко Аризановиќ Машки 1968 4 декември 1968 Сараево Двојно убиство
Ѓуро Хорват Машки 21 декември 1972 17 март 1973 Сараево Тероризам
Мирко Власновиќ Машки
Вејсил Кешкиќ Машки
Драгомир Бајчета Машки 3 април 1972 август 1973[2] Сараево Убиство
Вишња Павловиќ Женски
Душан Продиќ Машки 8 септември 1976 1977 Добој Убиство

Наводи

уреди
  1. „Google Translate“.
  2. „Kako su strijeljane Brunine ubice Tekst je izvorno objavljen na portalu www.Zenicablog.com. Prenošenje dozvoljeno samo uz pismenu dozvolu“. Zenicablog Arhiva. 2 May 2014. Посетено на 18 April 2018.