Смола

(Пренасочено од Смоли)

Смола е јаглеводороден секрет на поедини билки, особено четинари. Смолата во зависнот од температура и старост, помалку или повеќе течни производи, кои се состојат од различни хемиски состојки.

Инсект заробен во смола
Protium Sp.”

Фосилната смола е позната под името килибар.

Биолошко значење

уреди

Смолата го штити стеблото од повреди на кората и од паразитски инсекти. Ако инсектот влезе под кората на дрвото, на местото каде што влегол ќе почне да се лачи смола која ќе ја затвори дуката за дишење на инсектот. Здравите стебла се во состојба да ги попречат нападите на инсектот на кората, а слаби или болни стебла произведуваат малку смола и подлегнуваат на нападите на инсектите.

Употреба

уреди

Поради својата висока запаливост, порано смолата се користела за производство на сигнални огнови.

Во индустрискиот сектор во главно се користи за вештачки произведени смоли. Смолата се користи, на пример, за производство на боја, сапун, лепило или терпентин. Тврдата смола се кориси за производство на боја и цемент. Од друга страна, меката која содржи етерични масла се користи за производство на лекови и темјан.