Смислата на животот (книга)

Смислата на животот: Многу краток вовед (англиски: The Meaning of Life: A Very Short Introduction) — книга на философот Тери Иглтон од 2007 година.

Содржина

уреди

„Смислата на животот“ дава преглед на идеите на некои од најзначајните мислители и писатели во историјата, како што се: Маркс, Шопенхауер, Шекспир, Сартр, Бекет итн. Во неа, авторот дава сериозна, но истовремено и забавна, анализа на прашањето за смислата на животот. Притоа, Иглтон тврди дека ако нашиот живот воопшто има некаква смисла, таа произлегува од желбата на луѓето да ја создадат, а не од нејзината зададеност. Тој смета дека смислата на животот не постои сама по себе, туку се создава со живеење на животот на одреден начин - преку неговата длабочина, квалитет, разноликост и интензитет. [1]

Наводи

уреди
  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 15.